Сврзници во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сврзниците во македонскиот јазик се службени зборови, односно нив ги употребуваме за поврзување одделни зборови во рамките на една реченица или повеќе реченици во една сложена реченица. При поврзувањето, сврзниците ги изразуваат односите меѓу зборовите или меѓу речениците, па така спротивен однос се искажува со ама или но, а условен однос со ако итн. Класификацијата на сврзниците се прави на три начина, односно едната класификација е според тоа дали сврзникот отсекогаш бил сврзник, како што се и или ако, потоа дали сврзникот е добиен од друг збор, како што е сврзникот бидејќи, и дали сврзникот е позајмен, како што е сврзникот ама. Од друга стрна пак, сврзниците според нивната структура се делат на прости и сложени. Сепак, најважна класификација на сврзниците е според односот меѓу зборовите или меѓу речениците што ги сврзуваат. Според тоа, сврзниците се делат на две групи:[1]

  • приредувачки или координациски сврзници - сврзници кои поврзуваат зборови или реченици со истореден однос,
  • подредувачки или субординациски сврзници - сврзници кои поврзуваат зборови или реченици меѓу кои постои нерамноправен однос.

Приредувачки сврзници[уреди | уреди извор]

  • составни: и, па, та, не само што - туку и, итн.
  • спротивни: а, ама, ами, туку, пак, а пак, но, меѓутоа, само што, камо ли, итн.
  • разделни: или, или - или, и - и, било - било, ем - ем, ја - ја, ни - ни (нити - нити, ниту - ниту), ту - ту, итн.

Подредувачки сврзници[уреди | уреди извор]

  • исказни: дека, оти, да, како, што, итн.
  • временски: кога, кога што, кога да, а, дури, дури да, додека, пред да, откога, откако, штом, штотуку, тукушто, итн.
  • причински: дека, за дека, оти, зашто, бидејќи, затоа што, итн.
  • последнични: што, така што, итн.
  • условни: ако, да, итн.
  • допусни: ако, иако, макар што, при сè што, итн.
  • целни : да, за да, итн.
  • начински: како што, како да, итн.

Покрај овие две групи, во македонскиот јазик има сврзувачки зборови. Сврзучаките зборови се зборови кои покрај тоа што имаат сврзувачка служба, тие вршат и служба на членови на зависната реченица. Сврзувачките зборови се делат на:

  • односни: што, кој, којшто, чиј, чијшто, каков што, колкав што, итн.
  • прашални заменки: што, кој, чиј итн.
  • неопределени заменки: што и да е, кој и да е, итн
  • заменки прилози: каде што, кога, итн.
  • заменски придавки: каков што, колкав што итн.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  1. ^ Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. ISBN 978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. ^ Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. ^ Friedman, Victor (2001). Macedonian grammar (англиски). SEE LRC, USA.
  4. ^ Lunt, Horace (1952). Grammar of the Macedonian literary language (англиски). Skopje.
  5. ^ Конески, Блаже (1967). Граматика на македонскиот литературен јазик. I и II. Скопје: Култура.

Поврзано[уреди | уреди извор]