Степенување на придавки во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Степенување на придавки - начин за изразување во македонскиот јазик на некое својство на некој предмет кое може да биде застапено во помал или поголем степен. Степенување на придавките е карактеристично само за описните, односно квалитативните придавки.[1]

Описните придавки се изделуваат од сите други видови придавки токму поради степенувањето, односно степенот на својството кое го поседува. Така на пример придавките „волнени“ и „детски“ немаат степен на својството кое го поседуваат, односно не може да се каже „поволнени“ или „најдетски“. За разлика од нив, придавките од описен вид можат да имаат форми за степен како на пример „високи“, „повисоки“ или „највисоки“. Степенувањето на едно својство на еден предмет се врши врз основа на споредба на истото тоа својство кај друг предмет.

Со посебните форми на споредба се изразува степенот (степенување) на дадениот квалитет кога се споредуваат два или повеќе предмети.

Формите за компарација се:

  1. Позитив – основната форма на придавката (голем).
    На пр.: Охрид е голем град.
  2. Компаратив – форма за споредување на два предмета. Се образува со претставката: по-, која се пишува слеано со придавката (поголем).
    На пр.: Битола е поголем град од Охрид.
  3. Суперлатив – форма за споредување на еден со повеќе предмети. Се образува со претставката: нај-, која се пишува слеано со придавката (најголем).
    На пр.: Скопје е најголем град во Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Степенување на придавките на семрежното место на Македонски јазик