Идно прекажано време во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Идно прекажано време — едно од покарактеристичните особености на македонскиот глаголски систем. Идното прекажано време се користи за прекажување на одредено идно дејство. Ова време се образува со честичката ќе и минато неопределенио време на глаголот[1].

Образување[уреди | уреди извор]

Идното прекажано време се образува со употреба на честичката ќе и соодветната форма на глаголот од минато неопределено време[1].

чека носи каже
Јас ќе сум чекал ќе сум носел ќе сум кажел
Ти ќе си чекал ќе си носел ќе си кажел
Тој, таа, тоа ќе чекал (а)* ќе носел (а)* ќе кажел (а)*
Ние ќе сме чекале ќе сме носеле ќе сме кажеле
Вие ќе сте чекале ќе сте носеле ќе сте кажеле
Тие ќе чекале ќе носеле ќе кажеле
* - форма за женски род.

Од промената на глаголите се гледа дека во третото лице еднина и множина се испушта помошниот глагол и дека се зема несвршената л-форма кај оние глаголи што имаат две л-форми[1].

Одречните форми се образуваат на два начина: со честичката не (не ќе сум одел) или со глаголот нема во л-форма од среден род и да конструкција (немало да одам, немало да одиме итн.)[1]

Употреба[уреди | уреди извор]

Графички приказ на идното прекажано време. Горната стрелка означува дека говорникот зборува во сегашноста но аспектот е перфектен (прекажано), а долната стрелка означува дека дејството има идно значење (идно).

Со идното прекажано време се искажуваат значењата што ги има идното и минатото-идно време, само во вид на прекажување[1].

пр: Марко ќе одел на одмор со новиот автомобил.

Формите на идното и минатото идно време се користат за директно кажување на засведочени дејства, а формите на идното прекажано време за незасведочени, па според тоа и прекажани дејства. Со идното прекажано време често се искажува личен став кон она што се кажува[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 128 и 129. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]