Прејди на содржината

Минато-идно време во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Минатото-идно време — едно од сложените глаголски форми на македонскиот јазик. Ова време е конкретно по тоа што со него се искажува идно дејство, но од минат глаголски вид и идното дејство не се искажува во сегашноста. Ова време се формира со честичката ќе со кое се искажува идноста на времето и минато определено несвршено време на глаголот со кое се искажува минатиот глаголски вид.[1]

Образување

[уреди | уреди извор]

Минатото-идно време се образува со ставање на честичката ќе пред глаголот. Глаголот кој следи по честичката е во минато определено време, кој пак може да биде од свршен и несвршен вид, односно минато определено свршено и минато определено несвршено време.[1]

Промената на глаголи од несвршен вид изгледа вака:

викакроипече
Јас ќе викавќе кроевќе печев
Ти ќе викашеќе кроешеќе печеше
Тој, таа, тоа ќе викашеќе кроешеќе печеше
Ние ќе викавмеќе кроевмеќе печевме
Вие ќе викавтеќе кроевтеќе печевте
Тие ќе викааќе кроејаќе печеа

Промената на глаголи од свршен вид изгледа вака:

викнескроииспече
Јас ќе викневќе скроевќе испечев
Ти ќе викнешеќе скроешеќе испечеше
Тој, таа, тоа ќе викнешеќе скроешеќе испечеше
Ние ќе викневмеќе скроевмеќе испечевме
Вие ќе викневтеќе скроевтеќе испечевте
Тие ќе викнеаќе скроејаќе испечеа

Одречните форми на минатото-идно време се образуваат со партикулата не (не ќе викав) или со глаголот нема во форма за трето лице еднина во минато определено несвршено време и да-конструкција (немаше да викам, немаше да викаме)[1].

Употреба

[уреди | уреди извор]
Графички приказ на минатото-идно време. Стрелката го означува аспектот, односно означува дека таа дел-реченица е идно дејство.

Минатото-идно време се користи за изразување на идност која не следува по моментот на зборувањето (сегашноста), туку по некој друг минат момент. Со други зборови, во моментот на соопштувањето на времето тоа е минато, а е идно во однос на друго минато дејство, бидејќи следува по него[1].

Ова време има слични значења со идното време. Неговото присуство посебно е забележливо во условните реченици за искажување нереален услов (пр: Да знаев, ќе кажев.) и во речениците во кои се набројуваат повторливи, последователни дејства што се случувале во минатото (пр: Ќе земев сол, ќе турев во солта малку вода...)[1]

  1. 1 2 3 4 5 Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 129 и 130. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]