Категории род и број на глаголите во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Глаголи се зборови што означуваат дејство или состојба и се поврзани со лицето кое го врши дејството. Глаголот е најсложената структура во македонскиот јазик. Глаголите во македонскиот јазик имаат повеќе граматички категории меѓу кои се: род и број.

Граматичка категорија род[уреди | уреди извор]

Глаголите во македонскиот јазик немаат род. Само неличните глаголски форми имаат род. И тоа:

  • глаголска придавка (разликуваме: машки род, женски род, среден род и множина)
Глаголска придавка
машки род женски род среден род множина
станат станата станато станати
викнат викната викнато викнати
дојден дојдена дојдено дојдени
поканет поканета покането поканети
легнат легната легнато легнати
  • глаголска л-форма (разликуваме: машки род, женски род, среден род и множина)
Глаголска л-форма
машки род женски род среден род множина
плетел плетела плетело плетеле
копал копала копало копале
станал станала станало станале
паднал паднала паднало паднале
јадел јадела јадело јаделе
  • глаголска именка (разликуваме: среден род)
Глаголска именка
среден род
гледање
пиење
косење
спиење
јадење

Граматичка категорија број[уреди | уреди извор]

Граматичката катерогија број го означува бројот на учесниците во говорењето. Разликуваме форми на глаголи во два броја: еднина и множина.

Граматичка категорија број
лице еднина лице множина
1л. играм
седам
јадам
спијам
трчам
1л. играме
седиме
јадеме
спиеме
трчаме
2л. играш
седиш
јадеш
спиеш
трчаш
2л. играте
седите
јадете
спиете
трчате
3л. игра
седи
јаде
спие
трча
3л. играат
седат
јадат
спијат
трчаат