Дримколско-голобрдски дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
  Дримколско-голобрдскиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Дримколско-голобрдски дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Дримколско-голобрдскиот дијалект е близок со дебарскиот и со реканскиот дијалект.

Територија[уреди | уреди извор]

Дијалектот се зборува на територијата на Дебарски Дримкол, каде влегуваат селата Луково, Јабланица, Модрич, Нерези, Пискупштина, Безово, Лакаица и Дренок, како и во областа Голо Брдо (од чии села во Македонија се наоѓаат селата Отишани и Џепиште, а останатите се наоѓаат во Албанија).

Фонолошки одлики[уреди | уреди извор]

  • Фонемата ô (широко о) наместо носовката ѫ: внôтра, глôбок, глôбочина, гôзер, ојт погôзечки, дôп. Дôбојца, зôп, јôглен, јôжица, јôзик, јôтôрва, јôчмен, седи мôдро, мôш, се мôжит, мôка, пôпок, пôтник, пôт, рôка, скôп, сôбота, стôпало, тôжит, тôпан, тôпанџија...
  • Сосем е ограничен бројот на случаите кога наместо ѫ има вредност а и у. ѫ > а: голап, желат, обрач, пајак, еднош - еднаш, односно ѫ > у: куќа.  
  • Иста вредност, фонема ô (широко о), се јавува и наместо секундарниот ер ъ2: мôгла, мôгливо време, мôска, снôва...
  • Двофонемската вредност ôр наместо самогласното р: зборвит бôрго, бôрдило, бôрдо, Голо-Бôрдо, вôрба, вôрне, вôрсник, вôрфци, вôршачка, вôршило, вôршит, гôрло, гôрне, дôрво, дôржит, зôрно, јôтôрва, кôрст, кôрф, ôрѓа, пôрст, сôрце, тôрло, тôрн, тôрчат...
  • Исклучок претставуваат лексемите: мôсол, фôлит, фôл’нуват, каде што има само фонема ô.
  • Двофонемска вредност има и наместо самогласното л, коешто дало рефлекс ôл: бôлва, вôлк, вôлна, вôлнен, дôлк, жôлт, закôлнит, јабôлко, кôлк, кôлнит, мôлчит, пôлн, сôлѕа, сôнце (со загубено л)... Единствено исклучок се: Булгар, Булгарка.
  • Фонема ô, добиена со секундарна назализација на самогласката а, во одделни случаи: зôмба, мôменица, мôмит, мôштеа, зôек, јôготка...
  • Фонема а наместо секундарниот ер ъ2 пред сонантите р, н, л на крајот од зборот: ведар, ветар, итар, остар, но: свекор, оган, јаганица...
  • Континуантите ш(ш/ч), ж(џ) наместо старите групи *tj, *kt, *dj, коишто се јавуваат во поголем број: гореш, горешчина, гробишча, мôштеа, немошница, ништи, свешча, врашча; во морфемата за глаголскиот прилог: јадејши, косејши, кровејши, метејши, одејши, сечејши, цепејши...
  • Палаталните африкати ќ, ѓ наместо старите групи *tj, *kt, *dj се јавуваат во помал број: веќе, повеќе, вреќе, гаќи, домаќин, куќа, покуќнина, ноќ, ќа, ќерка, преѓе, туѓ...
  • Чување на палаталниот назал њ во коренот на зборот и во морфемите -ње и -иња: бања, вишња, дуња, свиња, корење, имање, орање, сирење, дечиња, ждребиња, јариња, магариња, полиња, черефчиња...
  • Употреба на фонемата л’ (алвеоларно л) добиено од старото палатално *I: бл’ут, бол’вит, жал’, жел’ка, зел’ка, кл’укат, кл’ун, кл’уч, л’уди, л’ут, сол’, шупел’ка...во наставките –тел’: пријател’ -ал’кa: бујал’ка, стôпал’ка -ул’ка: невестул’ка -л’а: недел’а, постел’а.
  • Звучниот африкат ѕ се јавува наместо з зад сонантите и пред множинските наставки и : бенѕин, вôрѕум, мôлѕит, сôлѕа, а звучниот африкат џ наместо ж зад сонантот л и пред деминутивната наставка -е: сполџај; ноџе, положе, шилеџе...
  • Замената на фонемата х во в(ф) на крајот од слогот: буф, вôрф, греф, граф, кожуф, меф, праф, сиромаф, збувнит; или нејзината загуба: тула, чели...
  • Дисимилација на мн во мл’: мл’огу.
  • Пазењето на согласните групи с(з) + ц,ч: гросче, масца, мосче, оресче, расцути, исчешл’ат, појасче, покрај преминот во ф: појафче, мефце.
  • Извршените разни видови асимилации: глето, глôбок, кнок, кночок, пцојса...
  • Метатеза кај зборовите: бајрак, гројзе, лојзе...
  • Вредноста чôр- од групата чрь- : чôрф, чôрви, чôрвосано, но: цôрвени, цôрн...
  • Чувањето на крајните групи: -ст, -шт: болест, бôрст, лист, маст, пôрст, шест, дошт, горешт...
  • Појавата на секундарните плозиви т, д во секвенците с,з, ж+р: стребрен, стребро, стреда, стреде, неуздреано, ждребе,
  • Губењето на согласките во меѓусамогласна положба: вдоец, гоедар, јазоек; дајт, јајт, ојт...[1]

Морфолошки одлики[уреди | уреди извор]

  • Изедначувањето на деклинациските типови кај именките од машки род што завршуваат на и : Марко, Митре, Маркое, Митрае; Марка, Митра.
  • Дативната форма на кај личните имиња од женски род: је рекоф Маре.
  • Генерализирањето на множинската фома кај именките од женски род на : бање, близначке, бомбе, бразде, вишње, боденице, бошке, браќе, главе, гајде, жене, жабе, жетве...
  • Множинска наставка -иња кај именките од среден род на - е: дечиња
  • Кратки множински заменки акузативни форми ни, ви: нас ни виде, вас ви виде...
  • Кратка заменска дативна форма за женски род (ј)е: је рекоф Милке.
  • Кратка заменска акузативна форма за женски род  ја: ја видоф Мара.
  • Полна заменска дативна форма за женски род нејзе: нејзе е рече.
  • Показна заменска форма за машки род овја: овја чоек.
  • Показни заменски форми за среден род овеа, онеа: овеа дете, онеа дете.
  • Разложувањето на глаголската е-група. Освен глаголите чиј општ дел завршува на - и: виет, се миет, пиет, риет, сите други глаголи од е-група преминале главно во и-група: блеит, грејт, жнејт, лајт, пејт, сејт...
  • Глаголски образувања со наставката -ве: гушвет, заминвет, закопвет, кровјет, прескачвет, променвет...
  • Присуство на глаголските образувања со наставката -ува: зборуват, појадуват, кôрштеват, порôбуват...
  • Образување на императивните форми од типот купвеј-купвејте.
  • Регуларна употреба на имперфектно-аористната наставка -фме за прво лице множина: гледафме, дôржевме, јадефме, пулефме, седефме...
  • Наставка -ешти/-еши за образување на глаголскиот прилог: јадеешти, метеешти, плетеешти, седеешти; косејши, кровејши, одејши, стружејши, цепејши...
  • Партикула ќа за образување идни времиња: ќа работат, ќа викал, ќа имам работано...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Васил Дрвошанов, Дијалектолошки студии, детска радост, Скопје