Долнополошки дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Долнополошкиот дијалект на картата на македонските дијалекти
Извадок од приказна раскажана од стара жена од с. Челопек, Тетовско на долнополошки дијалект

Проблеми со пуштањето? Помош.
Оглас испишан на тетовски, но со латинично писмо

Тетовски Дијалект[1] (познат и како: Долнополошки; месно познат како: тетосЌи) — дијалект на македонскиот јазик. Дијалектот спаѓа во групата на западни дијалекти од северното наречје. Тетовскиот дијалект се зборува во тетовската околина, поточно во градот Тетово, општина Јегуновце, општина Брвеница со околните села (без селата во околината на Вратница кои го говорат Вратничкиот Дијалект, и селата Урвич и Јеловјане кои го говорат Горанскиот Дијалект).Дијалектот е сличен со горанскиот дијалект и со скопскоцрногорскиот дијалект. Главна карактеристика на дијалектот е зачестена употреба на предлогот у, замена на самогласката а со самогласката у и користење на -е како множинска наставка.

Фонолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

  • старото самогласно л е заменето со групите у/ лу/ ла: јаболко > јабука , солза > слăза;
  • употреба на самогласката а наместо е: трева > трава ;
  • употреба на ă наместо јерот: лаже > лăже ;
  • употреба на у наместо црковномакедонското ОН: пат > пут[2]

Морфолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

  • употреба на наставката -мо за прво лице множина: одиме > идемо
  • непчаното Ј пред буквата Е на почеток на збор: јазик > језик
  • согласната група мн е заменета со согласната група мл: многу > млогу
  • употреба на предлогот у: во град > у град[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Божидар Видоевски (Дијалектите, том1, 1998: стр.149-162) овој дијалект го нарекува исклучиво Тетовски (не Долнополошки).
  2. 2,0 2,1 С. Бојковска, Д. Пандев, Л. Минова-Ѓуркова, Ж. Цветковски. „Македонски јазик за средното образование“. Просветно дело. Скопје, 2001. стр. 252.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]