Кривопаланечки дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кривопаланечки дијалект на картата на македонските дијалекти

Кривопаланечки дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на источни дијалекти на северното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на градот Крива Паланка со околината. Кривопаланечкиот дијалект е близок дијалект со кратовскиот, кумановскиот и со овчеполскиот дијалект.

Внатрешна дијалектна диференцијација[уреди | уреди извор]

Кривопаланечкиот говор спаѓа во рамките на североисточните говори; значи се работи за северни говори во кои се запазени поголем број јазични особини од источномакедонското наречје. Кога зборуваме за кривопаланечкиот говор треба да истакнеме дека на кривопаланечката област се изделуваат, главно, две говорни целости:

Фонолошки одлики[уреди | уреди извор]

  • Редовна замена на носовката од преден ред ѧ со е во сите положби, дури и таму каде што имало мешање со носовката од заден ред ѫ: едер, езúк, езúче, етрва, ечú, ечмéн, ечменúца, заец, заечко...
  • Основна замена у за носовката од заден ред ѫ во кореновите слогови: груди, гусеница, гузéр, зуб, мука, муж, пут, рука, субота, туга, кај заменката њума, во морфемата зимус // зимуске и др., односно а, ограничена главно во наставките: викнá, дигнá, паднáл, станáл, орат; печеа, тресеа; видóа, дојдóа...
  • Темна самогласка ă како основен рефлекс на големиот и на малиот ер ъ, ь во кореновите слогови: ъ > ă: бăдњăк, бăчва, бăс, дăш, зăлва, сăпка, онáкăв; сăс; ь > ă: вăздăн, Дăнúца, лăк, лăн, лăнен, тăмен, тăмнúца, цăфтú, односно континуантите о на големиот ер ъ и е на малиот ер ь во морфемите: -ок: добúток, опúњок, песок, петок, пупок, ручок, четврток, нисок, тежок, тăнок, -ел: котéл, орéл, петéл, -ен: арен, болен, гладен, грозен, жеден, пресен, -ец: венец, врапéц, живéц, јазовец, јарец, јунец, квасéц, клинéц, конéц, комáрец, мољец, палсец, погáнец, путéц, -ес: овéс, во членската морфема -о/т: зубо/т/, мозоко/т/, обрáзо/т/;
  • Вредност темна самогласка ă наместо секундарниот ер ъ2 во почетните слогови: лăжá, лăже, лăжљúв, лăжúца, мăгла, мăска, тăнок, и различните вредности на крајот од зборот: добар, итар, вепăр, габăр, едăр, модăр, мокăр, остăр; ветер, едер, остер;
  • Повеќе вредности наместо самогласното л: л > у: буá, Бугарин, вук, вучúца, вуна, жут, јабука, музе, музнúца, пу, пужаљка; л > лă: глăта, длăк, длăжок, клăца, клăчник, слăбица, слăза, слăнце; л > љу: жљуња, жључка...
  • Развој на въ, вь во у: Оди у село, бе у Палáнка, удéне, улáзи или унýк од сестрá, удóвец...
  • Непрегласено а во трава, травичка и обликот орá, орáси, орáово дрво.
  • Отсуство на протетичкото в во лексемите ујко, ујков, ујна, ујнин.
  • Чување на мекото n’ пред предна самогласка: књига, њива, њи, њини, њего, његов...
  • Чување на старото меко l’ во сите положби: бљуе, вáљавица, дељка, кљуница, кљуца, кошýља, кључ, љуљка, љут, недéља, поље, чешља...          
  • Губење на гласот х во сите положби: ајдýк, адéт, арен, итар, оџа, убав, леб, бу, Вла, вр, гра, гре, ме, су, пр, орá, пердý, сиромá, снаа, стреа, муа; во прво лице еднина на аористот: видó, јадо, реко, седó; во трето лице множина на аористот: дадоа, идоа, седоа...
  • Јотување на групата л+ј : зеље и во туѓи зборови наместо групата л+ј: босúљок, иљáдо...
  • Пазење на согласната група бн: ќе оѕéбне, оѕебнáл...
  • Промена на мј во мњ: земња, на земња, земњúк, ламња...
  • Нерегуларен полузвучен изговор на крајните звучни согласки: прелогк, ридт, рубп, рукáвф, но: град, зуб, обрáз...
  • Морфолошки фиксиран слободен акцентски систем: бý-бýове-бýот-бýовете, говедáр-говедáро/т/-говедáри, кóра-кóрата-кóри, зубáт-зубáт-зубáто...[2]

Морфолошки одлики[уреди | уреди извор]

  • Именките од женски род на множина се образуваат со : глави, каци, реки, цевки итн.
  • Атрибутските зборови исто така завршуваат на кога се употребени со множинските форми на именките од женски род на : бели кошýљи, зелéни јабуки итн.
  • Множинската заменска форма за прво лице е ние.
  • Акузативна заменска форма за машки род него, го.
  • Акузативна кратка заменска форма за женски род гу.
  • Употреба на заменките свак: свакого, свакакав.
  • Заменска форма њоњ.
  • Наставка за прво лице еднина на сегашното време: гледам, седúм, јадéм...
  • Наставка -ме за прво лице множина на сегашното време: викаме, носиме, сечéме...
  • Наставка -т во трето лице множина на сегашното време: глăтат, памтат, идати...
  • Множински наставки -шеме, -шете, -шеа за сите три лица на минатото определено несвршено време (на имперфектот): вúкашеме-вúкашете-вúкашеа, нóсешеме-нóсешете-нóсешеа, сéчешеме-сéчешете-сéчешеа.
  • Образување на конструкциите од типот теше да дојде.
  • Предлог низ: низ река отидé.
  • Предлог од: Врќа се од Скопје, слегнá од планина.
  • Употреба на наставките -ача и -оќа: кривáча, скутáча; лошóќа;

Глаголи[уреди | уреди извор]

викаше носеше береше
викаше носеше береше
викаше носеше береше
викашемо носешемо берешемо
викашете носешете берешете
викашеја носешеја берешеја

Лични заменки[уреди | уреди извор]

ед:

  • Ја
  • Ти
  • Он
  • Она
  • Оно

мн:

  • Ние
  • Вие
  • Они

Лексика[уреди | уреди извор]

Од аспект на лексиката во кривопаланечкиот говор покарактеристични се следниви лексички единици: ледéц ‘зеница, црнка’, чашка ‘лажичка, делот на телото под градите’, кривáча ‘грст’, безимен ‘четвртиот прст на раката’, гушнúк ‘градник’, мучник ‘ковчег за брашно’, погáнец ‘глушец’, замка ‘вид јазол’, капчýк ‘дождовница, што паѓа од стреите’, латок ‘млак’. 

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Васил Дрвошанов, Дијалектолошки студии, детска радост, Скопје
  2. Божидар Видоески, Дијалектите на македонскиот јазик, том 2, 1999, Скопје

Надворешни врски[уреди | уреди извор]