Од Википедија — слободната енциклопедија
Скопско-велешки дијалект Јазично семејство Јазични кодови ISO 639-3 – Скопско-велешкиот дијалект на картата на македонските дијалекти. Скопско-велешкиот е дел од централните говори обележани со бела боја.
Проблеми со пуштањето? Помош .
Скопско-велешки дијалект — дијалект на македонскиот јазик што спаѓа во подгрупата на централни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик . Дијалектот се зборува на територијата на градовите Скопје и Велес со околината. Скопско-велешкиот дијалект е близок дијалект со прилепско-битолскиот дијалект и со останатите дијалекти на централната подгрупа. Овој дијалект, заедно со останатите дијалекти од централната подгрупа, се основата врз кој се темели стандардниот македонски јазик .
употреба на в наместо архаичната х : страх > страв
употреба на тврдо л
употреба на меѓусамогласно в : човек
употреба на тврд глас њ ;
употреба на буквите ќ и ѓ (во останатите дијалекти имаме -јќ- и -јѓ-): куќа.
употреба на предлогот у наместо во : у град;
употреба на наставката -уле: дете - детуле;
употреба на конструкцијата има + минат партицип: имам работено;
употреба на трите членови.
Скопски дијалект
„
И кога о́тишол та́му, прет ку́ќата и́мало една‿ ја́бука. И се‿ ка́чил на ја́буката. И‿ иско́чило ла́мн’ичето и ви́ка: „И, ма́мо, ка́коф сра́шен ју́нак има на ја́буката“. „Ка́ко ги‿ ја́де, ќе́рко, ја́буките, а́ли со‿ све‿ ли́стот, а́ли ѓи‿ о́дбира“? „Не‿ ѓи‿ о́дбира, не́“. „Е, не‿ е сра́шен за‿ на́с, ви́кни‿ го‿ ва́му“. Коа‿ го‿ ви́кнале та́му, и‿ о́на ту́рила сла́ма да‿ за́пали о́ѓин да‿ му‿ на́прави ве́чера, и му‿ ви́ка: „Наве́дни‿ се‿ ју́наче“. Он се‿ на́веднал и‿ о́на го‿ га́лтнала. И‿ и́сто и‿ со‿ фто́ријот бра́т та́ка. И ќе́лчо че́кал, че́кал, бра́ќава ѓи‿ не́ма. Ќи́нисал да‿ и́де и о́н. И‿ го‿ сре́тнал симиџи́јата и му‿ ви́ка: „Ка́де, бре‿ ќе́лчо“? „У‿ то́ва се́ло и́ма една‿ ла́мн’а, ќ‿ и́дам да‿ ја‿ уте́пам...[ 1]
“
Велешки дијалект
„
Еден та́тко си‿ и́мал тро́јца си́нови. Сино́вите ре́кле: „Та́тко, ве́днага са́каме да‿ не‿ же́ниш“. Он им‿ ре́кол: „Зе́мете по‿ е́дно ста́пче, фрлете од‿ ри́дот, и на‿ ко́ја ку́ќа ќе‿ ви‿ па́дне, от‿ ту́ка не́веста ќе‿ зе́мете“. Фрли ста́риот, у‿ а́рна ку́ќа му‿ се‿ по́годи; фрли среѓниот, и‿ не́му та́ка, а‿ на‿ ма́лиот мо́ре. Два́јцата бра́ќа би́ле сре́ќни, а‿ во́ј на́јмалиов не́среќен. Се́днал на‿ кра́ј на‿ мо́рето и‿ му‿ ка́жује на‿ го́спода: „Го́споди, што́ ќе‿ зе́мам од‿ мо́ре, цел све́т да‿ ми‿ се‿ сме́е“. Бра́ќата си‿ ги‿ зе́доја неве́стите и‿ се́а ќе‿ о́дат да‿ ви́дат шо ќе‿ зе́ме ма́лиот. Оти́доа до‿ мо́ре и‿ ги‿ пу́штија чинѓе́лите за‿ со‿ ни́м не́што да‿ изма́кнат. Во мо́рето и́мало една‿ ма́јка и‿ ќе́рка. Ма́јката си‿ ја‿ че́шла ќе́рката и му‿ ви́ка на‿ свато́вите: „Кре́нете‿ си‿ ги чинѓе́лите, не‿ сме‿ ста́сани“...[ 1]
“
↑ 1,0 1,1 Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик . Скопје: АД Просветно Дело. стр. 436–437. ISBN 978-9989-0-0662-7 . CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link )