Долно Црнилиште
Долно Црнилиште | |
Координати 41°49′00″N 21°57′15″E / 41.81667° N; 21.95417° EКоординати: 41°49′00″N 21°57′15″E / 41.81667° N; 21.95417° E | |
Регион | ![]() |
Општина | Свети Николе |
Област | Овче Поле |
Население | 114 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 24042, 24542 |
Надм. вис. | 521 м |
Долно Црнилиште — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Овче Поле, оддалечено 9 километри јужно од Свети Николе.
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Штипската каза во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Долно Црнилиште живееле 173 жители, од кои 95 Турци и 78 Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Долно Црнилиште имало 104 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година, селото Горно Црнилиште брои 114 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 173[1] | 104[2] | 163 | 152 | 157 | 136 | 116 | 113 | 120 | 114 |
Родови[уреди | уреди извор]
Долно Црнилиште е македонско село.
Според истражувањата од 1956 година родови во селото:
- Доселеници: Богатиновци (3 к.) најстар род во селото, потекнуваат од предокот Богатин кој се доселил од некое село на Плачковица, најверојатно селото Припечани. Се доселил во времето кога е настанато селото Горно Црнилиште. Го знаат следното родословие: Доне (жив на 95 г. во 1956 година) Петко-Ристе-Богатин; Чентеровци (6 к.) они се кумови со првиот род, доселени се во првата половина на XIX век од селото Соколарци кај Кочани; Таневци (1 к.), Тесличковци (1 к.) и Јосевци (2 к.) доселени се однекаде; Ѓоргијовци (3 к.) доселени се од селото Стануловци, таму најверојатно припаѓале на родот Сврковци, кои биле староседелци; Филиповци (1 к.) доселени се околу 1936 година од соседното село Горно Црнилиште, и таму биле доселени однекаде; Кралевци (1 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Барбарево; Трифун (1 к.) и Анѓел (1 к.) доселени се во 1955 година од селото Добрево, Пробиштипско; Милош (1 к.) доселени се во 1955 година од Пробиштипско.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1703 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом. Во ова изборно место е опфатено и селото Горно Црнилиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 364 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[8]
- Ѓеренџе — населба од доцноантичко време;
- Кади Аргач — населба и некропола од доцноантичко време; и
- Трн — водовод од римско време.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Турското население е иселено во Турција.[5]
Од македонците постари иселеници има во Свети Николе (Петрушеви), Ерџелија (Пишталкови, Црмкови и Љубенови), Горно Црнилиште (Каревци), Богословец (Гроздановци), Амзабегово (Трајкови).[5]
Од родовите во селото иселеници има во Скопје (од Таневци) и во Велес (Тесличкови и Богатиновци).[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 232.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069