Родна Величковска
Изглед
| Родна Величковска | ||
| Родена | 20 февруари 1955
Горобинци, НР Македонија, ФНРЈ | |
|---|---|---|
| Националност | Македонка | |
| Народност | Македонка | |
| Занимање | етномузиколог, мелограф и научен соработник, истражувач на вокалната народна музика. | |
Родна Величковска (Горобинци, 20 февруари 1955 ) — македонски етномузиколог, мелограф и научен соработник, истражувач на вокалната народна музика.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Завршила средно музичко училиште и Факултет за музичка уметност во Скопје. Магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Белград на тема „Жетварско певање у Македонији” во 2006 година, докторирала на тема „Музичките дијалекти во македонското традиционално народно пеење – обредно пеење”. Првин била стручен соработник-мелограф на вокалната народна музика (1980), а потоа асистент (2000) и научен соработник (2007) во Одделот за народна музика.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Величковска“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)