Кишино
Кишино — село во Општина Лозово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Сландол, меѓу Брегалница и Вардар. Од градот Велес е оддалечено 14 километри во југоисточен правец.
Историја[уреди | уреди извор]
На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 480 Турци.[1] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 22 жители, Македонци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[2]
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 547 |
1953 | — | — | 612 | — | — | — | — | 2 | 614 |
1961 | 92 | 26 | 64 | — | — | — | — | 15 | 197 |
1971 | 63 | 1 | 22 | — | — | — | — | 2 | 88 |
1981 | — | 84 | — | — | — | — | — | 1 | 85 |
1991 | — | 4 | 7 | — | — | — | — | 9 | 20 |
1994 | — | 4 | — | — | — | — | — | 11 | 15 |
2002 | 22 | — | — | — | — | — | — | — | 22 |
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1709 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Бекирлија.[3]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[4]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[5]
- Клисе Једиги — црква од средниот век
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 351. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Кишино на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Кишино на Карти на Гугл
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |