Судик
Судик | |
Општина | Штип |
Население | 10 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 30056 |
Надм. вис. | 670 м |
![]() |
Судик (порано: Судиќ) — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Судик било село во Штипската каза во Османлиското Царство.
Во 2014 г. на селото официјално му е вратено од традиционалното име Судик наместо дотогашното Судиќ.[1]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Судик живееле 192 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Судик имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 10 жители, сите Македонци.[4]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 192[2] | 256[3] | 407 | 452 | 440 | 304 | 86 | 37 | 27 | 10 |
Родови[уреди | уреди извор]
Судик е македонско село.
Според истражувањата од 1957 година, родови во селото се:
- Староседелци: Велковци (8 к.), Еровци (7 к.), Субашинци (6 к.), Пејевци (8 к.), Ефремовци (2 к.) и Гаџовци (1 к.)
- Доселеници: Грбевци (13 к.) доселени се од селото Милино, најверојатно се староседелци во оваа област, Овче Поле; Чавковци (4 к.) доселени се од некое село Карамани над Штип; Шеталевци (5 к.) доселени се од сега раселеното село Толја, кое постоело кај Мечкуевци; Лепитковци (8 к.), Мерешковци (1 к.) и Кожуваровци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 2287 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 5 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р. Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 230.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.