Драгоево
| Драгоево | |
Воздушен поглед на Драгоево | |
| Координати 41°40′23″N 22°08′00″E / 41.67306°N 22.13333°E | |
| Регион | |
| Општина | |
| Население | 83 жит. (поп. 2021)[1] |
| Пошт. бр. | 2000 |
| Повик. бр. | 032 |
| Шифра на КО | 30015 |
| Надм. вис. | 370 м |
Драгоево — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во југозападниот дел на Општина Штип, во долното сливно подрачје на реката Крива Лакавица, од нејзината лева страна, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Неготино.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 370 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 10 километри.[2]
Низ селото поминува регионалниот пат 2433, а во минатото покрај селото поминувал и стариот пат за Криволак и Неготино.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Драгоево било населено уште од доцноантичкото време, за што сведочат остатоци на повеќе наоѓалишта, сместени во близина на селото.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 25,6 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 931,1 хектар, на шумите отпаѓаат 836,2 хектари и на пасиштата 628,3 хектари.[2]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во минатото, во него имало фабрички погон, земјоделска задруга и продавница.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драгоево живееле 425 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Турци, 200 Македонци и 25 до 50 Власи.[5]
Од Драгоево се иселило повеќе од половината од неговото население. Во 1961 година селото броело 674 жители, од кои 14 биле Турци, 13 Срби, а другите Македонци, додека во 1994 година бројот се намалил на 249 жители, од кои 213 биле Македонци, 26 Власи, 5 Турци и 5 Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 130 жители, од кои 113 Македонци, 3 Турци и 14 Власи.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 83 жители, од кои 52 Македонци, 6 Турци, 4 Власи и 21 лице без податоци.[7]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Драгоево:
| Година | Македонци | Албанци | Турци | Власи | Срби | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1948 | — | — | — | — | — | — | — | 675 |
| 1953 | 235 | 0 | 478 | 75 | 2 | 1 | — | 791 |
| 1961 | 501 | 4 | 14 | — | 13 | 142 | — | 674 |
| 1971 | 468 | 0 | 9 | — | 10 | 124 | — | 611 |
| 1981 | 331 | 0 | 3 | 40 | 12 | 2 | — | 388 |
| 1991 | 200 | 0 | 2 | 26 | 6 | 4 | — | 238 |
| 1994 | 213 | 0 | 5 | 26 | 5 | 0 | — | 249 |
| 2002 | 113 | 0 | 3 | 14 | 0 | 0 | — | 130 |
| 2021 | 52 | 0 | 6 | 4 | 0 | 0 | 21 | 83 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Поранешно основно училиште
- Поранешна амбуланта
- Дом на културата
- Амбулантата
- Дом на културата
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век, Драгоево било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.
Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Драгоево, во која покрај селото Драгоево се наоѓале селата Едеклерци, Јамуларци, Пенуш, Селце, Скандалци, Софилари, Топлик, Хаџи Реџепли, Хаџи Сејдели, Хаџи Хамзали и Црешка. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Драгоево, во која влегувале селата Драгоево, Пенуш, Селце, Софилари, Топлик, Хаџи Реџепли, Хаџи Хамзали и Црешка.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 2307 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на амбулантата. Во ова избирачко место е опфатено и селото Пенуш.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 179 гласачи.[9] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 180 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[3]
- Градиште — утврдување од доцноантичкото време;
- Селски Гробишта — средновековна црква со некропола; и
- Ташли Трла — населба од доцноантичкото време.
- Цркви
- Црква „Вознесение Христово“ — манастирска црква
- Манастири
- Драгоевски манастир — нов манастир над селото
- Џамии
- Стара срушена џамија со минаре
- Споменици
- Споменик на НОБ на сретсело
- Манастирската црква „Вознесение Христово“
- Минарето од старата џамија
- Споменикот на НОБ на сретсело
Галерија
[уреди | уреди извор]- Срушената џамија
- Стариот дом на културата
- Улици во селото
- Спомен-плоча на селската чешма
- Спомен-плоча на НОБ
- Селска чешма
- Селска чешма
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- 1 2 3 4 5 6 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 111. Посетено на 23 февруари 2025.
- 1 2 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 434. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 231.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 февруари 2025.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 23 февруари 2025.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| |||||||||||||||||||||


