Ново Село (штипско село)
- Ова е статија за селото во јужниот дел на Општина Штип. Да не се меша со истоимената населба споена со Штип.
Ново Село | |
Координати 41°36′36″N 22°18′15″E / 41.61000° СГШ; 22.30417° ИГДКоординати: 41°36′36″N 22°18′15″E / 41.61000° СГШ; 22.30417° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 1 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2000 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30040 |
Надм. вис. | 450 м |
![]() |
Ново Село — село во Општина Штип, средишно-источна Македонија.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во јужниот дел на општината, на надморска височина од 450 м. Атарот зафаќа површина од 12,3 км2,[1] а самото село е сместено во неговата југоисточна крајност.
Во посеверниот дел на атарот, во правец запад-исток тече Маденска Река, а напоредно на неа минува автопатот А4.
Историја[уреди | уреди извор]
Подрачјето на Ново Село е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта околу селото.[2]
На крајот од XIX век Ново Село било македонско село во Штипската каза на Отоманското Царство. Според истражувањата на Васил К’нчов во 1900 г. селото имало 55 Македонци христијани.[3][4]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 55 | — | 94 | 101 | 106 | 54 | 13 | 0 | 0 | 1 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Во првите децении на XX век селото бележело значаен раст, така што по Втората светска војна неговото население се удвоило во однос на почетокот на векот. Во 1960-тите селото почнало да се иселува, па така во 1971 г. веќе било располовено. Во текот на следната деценија бројот на жители се намалил четирикратно, за потоа истото да биде сосем напуштено во наредните два пописи.
Според пописот од 2002 година, селото имало 1 жител Македонец во едно домаќинство и 5 други живеалишта низ селото.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Бара — населба од доцноантичко време;
- Богородичен Даб — населба од доцноантичко време;
- Стари Гробишта — некропола од средниот век;
Личности[уреди | уреди извор]
- Блажо Анчов (1922-1945) — учесник во НОБ[10]
- Глигор Арсов (1923-1944) — учесник во НОБ[10]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 215. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 438. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Попис 2002
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
- ↑ 10,0 10,1 Žrtve rata 1941-1945. II. Beograd: Muzej žrtava genocida Beograd. 1996.