Прејди на содржината

Шашаварлија

Координати: 41°43′02″N 22°17′16″E / 41.71722°N 22.28778°E / 41.71722; 22.28778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Шашаварлија

Воздушен поглед на Шашаварлија

Шашаварлија во рамките на Македонија
Шашаварлија
Местоположба на Шашаварлија во Македонија
Шашаварлија на карта

Карта

Координати 41°43′02″N 22°17′16″E / 41.71722°N 22.28778°E / 41.71722; 22.28778
Регион  Источен
Општина  Штип
Област Јуруклак
Население 79 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30070
Надм. вис. 740 м
Шашаварлија на општинската карта

Атарот на Шашаварлија во рамките на општината
Шашаварлија на Ризницата

Шашаварлија — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]
Воздушен поглед на селото

Името доаѓа од редупликација на Шаварлија (Шаварли) што пак се поврзува со растението шавар.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северниот дел на Општина Штип, во изворишното сливно подрачје на реката Отиња, чиј атар на еден многу мал дел се допира со подрачјето на Општина Карбинци.[3] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 740 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 11 километри.[3]

Селото е сместено во областа Јуруклак, во западните падини на планината Плачковица. Атарот на селото Шашаварлија се граничи со атарите на селата: на југ со Чифлик, на запад со Калапетровци, на северозапад со Мал Габер, на север со Никоман и на југоисток со селата Ново Село и Липов Дол.

До селото води асфалтиран пат, кој започнува од градот Штип.

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Шашаварлија е населено барем од доцноантичко време, за што сведочат остатоци на населба на наоѓалиштето Чепрево.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 17,3 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 830 хектари, на шумите отпаѓаат 630 хектари, а на обработливото земјиште 210 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948339—    
1953358+5.6%
1961285−20.4%
1971235−17.5%
1981131−44.3%
ГодинаНас.±%
1991149+13.7%
1994126−15.4%
2002108−14.3%
202179−26.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шашаварлија живееле 730 жители, сите Турци.[5]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година селото имало 541 жител, сите Турци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Турци.[7]

Селото е мало, коешто во 1961 година имало 286 жители, од кои 219 биле Македонци, а 58 жители Турци. Во 1994 година, бројот се намалил на 126 жители, од кои 85 биле Турци, а 41 жител Македонец.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 108 жители, од кои 23 Македонци и 85 Турци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 79 жители, од кои 10 Македонци, 1 Албанец, 67 Турци и 1 лице без податоци.[9]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Шашаварлија:

Година Македонци Албанци Турци Власи б.п. Вкупно
1948 339
1953 0 0 333 25 0 358
1961 219 0 58 0 285
1971 208 0 27 0 235
1981 86 0 45 0 0 131
1991 59 0 90 0 0 149
1994 41 0 85 0 0 126
2002 23 0 85 0 0 108
2021 10 1 67 0 1 79

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век, Шашаварлија било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Шашаварлија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија и Радање. Селото било седиште на Општина Шашаварлија во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Калапетровци, Кошево, Никоман, Почивало и Шашаварлија.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2313 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Калапетровци.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 90 гласачи.[11] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 94 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[4]
  • Чепрево — населба од доцноантичко време
Цркви
Џамии

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 202.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 321. Посетено на 5 јули 2025.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 445. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 230.
  6. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 јули 2025.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
  12. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 23 февруари 2025.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]