Степанци (Штипско)
| Степанци | |
Воздушен поглед на Степанци | |
| Координати 41°36′36″N 22°13′01″E / 41.61000°N 22.21694°E | |
| Регион | |
| Општина | |
| Област | Лакавица |
| Население | 6 жит. (поп. 2021)[1] |
| Пошт. бр. | 2000 |
| Повик. бр. | 032 |
| Шифра на КО | 30054 |
| Надм. вис. | 560 м |
Степанци — село во Општина Штип, во областа Лакавица, во околината на градот Штип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во најјужниот дел на Општина Штип, во проширената долина на реката Крива Лакавица, чиј атар се издига до сртот на планината Серта.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 560 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 20 километри.[2]
Низ селото поминува регионалниот пат 2433, кој не е асфалтиран, а селото е поврзано со земјен пат од регионалниот пат 1204 кај селото Лакавица.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Степанци е населено барем од доцноантичкото време, за што сведочат остатоците од населба пронајдени на наоѓалиштето Кирезл’к, сместено на патот за селото Пухче.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа простор од 6,7 километри квадратни. На него преовладуваат обработливите површини на површина од 289 хектари, на шумите отпаѓаат 222 хектари, а на пасиштата 104 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) оd 1900 година, во Степанци живееле 250 жители, сите Турци.[4]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година селото имало 37 жители, сите Турци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци и 25 до 50 Власи.[6]
Селото е мало и населено со турско население Тоа, во 1961 година броело 107 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 31 жител.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 12 жители, сите Турци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, од кои 5 Турци и 1 лице без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
| Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 250 | — | 234 | 267 | 107 | 29 | 34 | 23 | 31 | 12 | 6 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век, Степанци било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.
Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Степанци се наоѓале селата Балталија, Брест, Гарван, Горачино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Лакавица, во која влегувале селата Балталија, Горачино, Лакавица, Пухче, Степанци, Танатарци и Шопур.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2302 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Лакавица.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[3]
- Кирезл’к — населба од доцноантичко време.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 286. Посетено на 22 март 2025.
- 1 2 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 441. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 231.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 март 2025.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 22 март 2025.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Степанци (Штипско) на Ризницата ?
| |||||||||||||||||||||


