Патрик (Штипско)
Оваа статија се однесува на поранешно село во Штипско. За селото во Егејска Македонија, погл. Патрик (Нигритско).
Патрик — историско село во јужниот дел на денешна Општина Штип кое постоело сè до 1913 г.
Географија[уреди | уреди извор]
Патрик се наоѓал на неколку километри јужно од с. Степанци, на билото на Конечка Планина (Серта). Денес местото се наоѓа во атарот на с. Лесковица.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Патрик било мало село во Штипската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Патрик имал 80 жители, сите Македонци христијани.[2][3]
Во 1905 г. Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) го води селото (Patrik) двапати — еднаш со 112 и еднаш со 120 жители, Македонци, христијани.[2][4]
За време на Втората балканска војна во 1913 г. селото е изгорено од српската војска. Во 1988 г. е обновена црквата „Св. Илија“.[5]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() |
„Патрик“ на Ризницата ? |
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 231.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 134-135.
- ↑ „Осма приградска парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2021-08-05. Посетено на 1 април 2014 г. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)
|