Сарчиево
Сарчиево — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Сарчиево е рамничарско место, кое се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Брегалница, на надморска височина од 335 метри. Селото е оддалечено 15 километри од Штип и се наоѓа во крајниот северен дел на Општина Штип. Атарот на Сарчиево зафаќа 9,7 квадратни километри. Притоа, обработливото земјиште опфаќа површина од 532 хектари, а пасиштата зафаќаат 397 хектари.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сарчиево живееле 90 жители, сите Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сердичево имало 112 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Сарчиево отсекогаш било мало село, но неговото население постојано опаѓа, во прв ред, поради миграцијата. Така, според пописот од 1961 година, тоа имало 235 жители, а во 1994 година, населението броело само 54 жители. Според пописот од 2002 година, бројот на жителите уште повеќе опаднал на само 21 жител, сите Македонци.[2]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 90[3] | 112[4] | 199 | 202 | 235 | 170 | 109 | 54 | 54 | 21 |
Родови[уреди | уреди извор]
Според истражувањата од 1956 година, родови во селото
Македонски
- Доселеници: Римповци (4 к.) доселени се во средината на XIX век од селото Кадрифаково. И таму биле доселени однекаде; Тутунковци (6 к.) доселени се од селото Амзабегово во Овче Поле. Таму биле староседелци; Стојкови (3 к.), Беркови (3 к.) Шијакови (3 к.) доселени се од селото Врсаково. И во Врсаково биле доселени однекаде; Коцеви (1 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Каменарци (7 к.), Рибарци (2 к.) и Гоцеви (2 к.) доселени се, но не знаат од каде.
Влашки
- Доселеници: Атанасови (1 к.) и Мијалче (1 к.) доселени се во 1954 година од Велешко. Првите од Црквино, а вторите од Ново Село.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 2286 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Во селото Сарчиево се наоѓа летната црква "Св. Петка", која е прва и единствена од таков вид во Македонија. Камен-темелникот на црквата бил поставен на 8 август 1956 година, по иницијатива на браќата Милан и Ладе Давчеви, кои потекнувале од селото. Подоцна, во 1959 година бил уреден дворот и бил изграден конакот. Изградбата на црквата се случила многу подоцна: во 2009 година бил формиран нов црковен одбор од пет члена, а Стојан Давчев инвестирал во изградбата на летната црква. Истата година била подигната и црковната камбанарија, а во 2011 година бил уреден дворот, во кој се наоѓа извор чија вода се смета за чудотоворна. Обновената црква "Св. Петка", заедно со камбанаријата, биле осветени на 8 август 2010 година.[2]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Сарчиево е познато по тоа што на 8 август 2010 година, селото влегло во Гинисовата книга на рекорди, така што во огромен котел биле зготвени 3 450 литри грав. Сепак, селото го држело Гинисовиот рекорд само кратко време, зашто подоцна, рекордот бил соборен.[2]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 СВЕТА ПЕТКА с. Сарчиево, Штип, јули 2012.
- ↑ 3,0 3,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.230.
- ↑ 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp. 134-136.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|