Липов Дол
Липов Дол | |
![]() Воздушен поглед на Липов Дол | |
Координати 41°42′25″N 22°14′44″E / 41.70694°N 22.24556°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2207 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30034 |
Надм. вис. | 440 м |
![]() |
Липов Дол — раселено село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]
Ова мало село се наоѓа во југоисточниот дел на Општина Штип, недалеку јужно од градот Штип, во долината на реката Отиња.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 440 метри.[2]
До селото води земјен пат, кој започнува од самиот град Штип.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 6,6 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 402 хектари, а на обработливото земјиште и на шумите отпаѓаат по 125 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Липов Дол живееле 90 жители, сите Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Липов Дол имало 120 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.[5]
Липов Дол е мало село, коешто е во фаза на наполно раселување. Во 1961 година, селото броело 89 жители, а во 1994 година, само тројца жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Липов Дол:
Година | Македонци | Власи | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | 67 |
1953 | 19 | 53 | 0 | 72 |
1961 | 87 | — | 2 | 89 |
1971 | 51 | — | 2 | 53 |
1981 | 8 | 2 | 0 | 10 |
1991 | 5 | 1 | 0 | 6 |
1994 | 3 | 0 | 0 | 3 |
2002 | 2 | 0 | 0 | 2 |
2021 | 0 | 0 | 0 | 0 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век, Липов Дол било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.
Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Липов Дол се наоѓале селата Балталија, Брест, Гарван, Горачино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Долани, во која влегувале селата Долани, Липов Дол, Љуботен и Чифлик.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2311 според Државната изборна комисија, сместено во простории на продавница во селото Љуботен. Во ова избирачко место се опфатени и селата Љуботен и Чифлик.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[8] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[9]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 179. Посетено на 27 февруари 2025.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 230.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 февруари 2025.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 27 февруари 2025.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|