Прејди на содржината

Стар Караорман

Координати: 41°46′54″N 22°12′12″E / 41.78167°N 22.20333°E / 41.78167; 22.20333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Стар Караорман

Воздушен поглед на Стар Караорман

Стар Караорман во рамките на Македонија
Стар Караорман
Местоположба на Стар Караорман во Македонија
Стар Караорман на карта

Карта

Координати 41°46′54″N 22°12′12″E / 41.78167°N 22.20333°E / 41.78167; 22.20333
Регион  Источен
Општина  Штип
Население 924 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30523
Надм. вис. 310 м
Стар Караорман на општинската карта

Атарот на Стар Караорман во рамките на општината
Стар Караорман на Ризницата

Стар Караорман — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Воздушен поглед на селото

Селото се наоѓа во северниот дел на Општина Штип, од левата страна на реката Брегалница.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 310 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 6 километри.[2]

Низ селото поминува регионалниот пат 2334, со кој е поврзан со градот Штип.

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Стар Караорман било населено уште од железното време, за што сведочат остатоци на повеќе наоѓалишта, сместени во близина на селото.[3]

За време на српската окупација од 1912 до 1941година селото силно настрадано.[4] Во 1915 година, српските војници одвлекле од селото 8.000 овци и неколку чифта запрежен добиток.[4]

Денешното село е настанато со спојување на двете некогашни села: Горен Караорман и Долен Караорман.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е заеднички со селото Нов Караорман, но во основа, селото има полјоделска функција. Во селото работат услужни објекти.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948958—    
1953291−69.6%
1961374+28.5%
1971425+13.6%
1981611+43.8%
ГодинаНас.±%
1991863+41.2%
1994893+3.5%
2002911+2.0%
2021924+1.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Стар Караорман живееле 42 жители, сите Македонци.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стар Караорман имало 48 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото Горен Караорман имало 25 до 50 Македонци, додека пак селото Долен Караорман ималo 100 Власи.[7]

Во 1961 година, селото броело 374 жители, од кои 240 биле Македонци, а 132 жители други, додека во 1994 година бројот се зголемил дури на 893 жители, од кои 787 биле Македонци, 100 Власи и четири жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 911 жители, од кои 840 Македонци, 67 Власи, 3 Срби и 1 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 924 жители, од кои 791 Македонец, 49 Власи, 2 Срби и 82 лица без податоци.[9]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Стар Караорман:

Година Македонци Турци Роми Власи Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 958
1953 157 0 0 133 1 0 291
1961 240 0 1 133 374
1971 318 0 0 3 104 425
1981 529 1 0 71 3 7 611
1991 769 0 4 77 4 9 863
1994 787 0 0 100 4 2 893
2002 840 0 0 67 3 1 911
2021 791 0 0 49 2 0 82 924

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век, Стар Караорман било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Карбинци, се наоѓале и селата Аргулица, Бурилчево, Караорман, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак, Таринци и Црвулево.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2315 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 845 гласачи.[11] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 840 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[3]
Цркви

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 284. Посетено на 22 март 2025.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 440. ISBN 9989-649-28-6.
  4. 4,0 4,1 Галев, М-р Димитар (1991). Белиот терор во Југоисточна Македонија 1912–1941 година; Книга прва. Штип: Друштво на наука и уметност. стр. 679.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 230.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 март 2025.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 22 март 2025.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]