Три Чешми

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Три Чешми
Tri Češmi.JPG

Поглед кон Три Чешми

Три Чешми is located in Македонија
Три Чешми
Местоположба на Три Чешми во Македонија
Координати 41°46′26″N 22°08′04″E / 41.77389° N; 22.13444° E / 41.77389; 22.13444Координати: 41°46′26″N 22°08′04″E / 41.77389° N; 22.13444° E / 41.77389; 22.13444
Општина Штип
Население 1 065 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2205
Шифра на КО 30062, 30562
Три Чешми на општинската карта
Три Чешми во Општина Штип.svg

Атарот на Три Чешми во рамките на општината

Три Чешми (влашки: Treili Shopati) — населба во Општина Штип[1].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Оваа млада по постанок, но голема населба се наоѓа на територијата на Општина Штип, недалеку во северен правец од градот, на одалеченост од околу 4 км. и лежи непосредно до регионалниот пат ШтипВелес. Населбата е рамничарска на надморска височина од 320 метри. Атарот зафаќа простор од 10,8 км2. На неа обработливо земјиште зазема површина од 646 хектари, на пасиштата отпаѓаат 70 хектари. . Меѓутоа, голем дел од населението работи во фабриките кои се наоѓаат во градот Штип и дејствуваат во дневните миграциони движења на релација приградска населба – град. Во населбата работи деветгодишно училиште, има амбуланта, фабрички погон, услужни објекти (пошта), споменик од НОБ, а снаселбата има и урбанистички план, според кој од неколку куќи населбата се развило во современо населено место.

Историja[уреди | уреди извор]

Место на ова село било населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето „Три Чешми“ на 500 м југоисточно од селото.

Денешната населба датира од 1949/50 година. Во раните години населбата била нарекувана Сто Куќи. На истата територија биле изградени станбени објекти кои биле доделени на жртвите на Македонскито егзодус од 1948. Подоцна со добивање на планови за доизградба населбата била проширена, во сколоп на нејзината изградба овде влегуваат Поштата, Приградската амбуланта, Црквата „Св. Илија“ како и основното училиште под име „Јосип Броз Тито“, подоцна променето во „Борис Кидрич“, но сепак и ова име не останува за долго за на крај подрачното основно училиште да го добие името ПОУ „Гоце Делчев“.

Во склоп на Три Чешми постоел и Земјоделско-индустриски комбинат „Црвена Ѕвезда“ кој запирел со работа веднаш по растурањето на Југославија.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.065 жители и претставува голема населба.[2]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[3]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 /
1953 443 3 191 1 1 639
1961 458 ... 3 203 664
1971 526 8 1 12 56 602
1981 624 80 1 6 711
1991 823 127 3 2 953
1994 845 132 5 982
2002 933 126 5 1 1.065

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Свети Илија“.
Археолошки наоѓалишта
  • Три Чешми — археолошко наоѓалиште во селото, населба од римско време

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

  • ФК Три Чешми — фудбалски клуб основан во 1950 г. Има играно во Втората македонска фудбалска лига.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија на селата во република Македонија (Митко Панов 1998 г.)
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]