Лакавица (Штипско)
Лакавица | |
![]() Воздушен поглед на Лакавица | |
Координати 41°39′10″N 22°14′08″E / 41.65278°N 22.23556°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Лакавица |
Население | 123 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2000 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30032 |
Надм. вис. | 310 м |
![]() |
Лакавица — село во Општина Штип, во истоимената област, во околината на градот Штип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во јужниот дел на Општина Штип, во долината на реката Крива Лакавица, од нејзината десна страна.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 310 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 17 километри.[2]
Низ селото поминува регионалниот пат 1204 (Штип-Радовиш),[2] кој денес е заменет со новиот експресен пат.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото не е голем и зафаќа простор од 6,6 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 269 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 201 хектар, а на пасиштата 131 хектар.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во минатото во селото работел фабрички погон и имало услужни објекти.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото е мало, без поголеми промени на бројот на населението. Така, Лакавица во 1961 година имало 139 жители, од кои 124 биле Македонци, девет Турци и двајца жители Срби, а во 1994 година 151 жител, од кои 119 биле Македонци и 29 жители Турци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 139 жители, од кои 111 Македонец и 28 Турци.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 123 жители, од кои 76 Македонци, 3 Албанци, 36 Турци, 1 Србин и 7 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 73 | 106 | 139 | 144 | 155 | 158 | 151 | 139 | 123 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Подрачното основно училиште „Ванчо Прке“, петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Ванчо Прке“ - Штип
- Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството
-
Поглед на агенцијата
-
Основното училиште
-
Старото училиште
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век, Лакавица било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.
Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Лакавица се наоѓале селата Балталија, Брест, Гарван, Горачино, Загорци, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Лакавица, во која влегувале селата Балталија, Горачино, Лакавица, Пухче, Степанци, Танатарци и Шопур.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 2308 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Балталија.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 118 гласачи.[10] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 118 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
- Црква „Св. Петар и Павле“ — главна селска црква во изградба
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезот во агенцијата
-
Улица во селото
-
Селската продавница
-
Поглед на селото
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 173. Посетено на 23 февруари 2025.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 февруари 2025.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 23 февруари 2025.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|