Видовиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Видовиште
Видовиште is located in Македонија
Видовиште
Местоположба на Видовиште во Македонија
Координати 41°51′15″N 22°26′39″E / 41.85417° СГШ; 22.44417° ИГД / 41.85417; 22.44417Координати: 41°51′15″N 22°26′39″E / 41.85417° СГШ; 22.44417° ИГД / 41.85417; 22.44417
Регион Кочанско Поле
Општина Општина Зрновци
Население 494 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 482 м. м
Видовиште на општинската карта
Видовиште во Општина Зрновци.svg

Атарот на Видовиште во рамките на општината

Видовиште — село во Општина Зрновци, во околината на градот Кочани. Според пописот од 2002 година, селото имало 494 жители.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во јужниот дел на Кочанско Поле, меѓу левата страна на реката Брегалница и северозападните огранки на Плачковица. Селото е ридско, на надморска височина од 410 метри. Од градот Кочани населбата е оддалечена 12 километри. Атарот зафаќа површина од 8,3 км2. [1]

Историja[уреди | уреди извор]

Селото во 19 век било дел од Кочанската каза на Отоманската Империја. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало 520 жители, од кои 500 Турци и 20 Роми.[2] Сепак, бугарскиот публицист Димитар Мишев во 1905 година забележал дека селото имало и 64 христијани (Македонци).[3]

Економија[уреди | уреди извор]

Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 494 жители, од кои 481 Македонец и 13 Власи.

На табелата е прикажан националниот состав на селото низ сите пописни години: [4]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 515
1953 469 82 32 39 1 623
1961 618 ... 49 667
1971 681 681
1981 629 14 585
1991 529 22 551
1994 518 23 541
2002 481 13 494

Родови[уреди | уреди извор]

Видовиште е македонско-влашко село, а во минатото во селото имало и турски и ромски родови.

  • Турски родови биле: Мустафовци (1 к.), Али Агини (1 к.) и Али Даутовци (1 к.), а до крајот на турското владеење имало многу повеќе турски родови, кои во селото се населиле во 18ти век.
  • Влашки родови: Атанас (1 к.), Ѓорге (1 к.), Косто (1 к.), Санто (1 к.) и Ташко (1 к.) населени се 1925 година на земја и куќи кои ги купиле од иселените Турци.
  • Македонски родови: Анѓеловци (5 к.), Пешовци (3 к.), Младеновци (2 к.) и Арсовци (1 к.) доселени се од селото Конопница, кривопаланечко; Миладиновци (5 к.), Станковци (2 к.), Радојковци (2 к.), Павлевци (1 к.) и Јаќимовци (1 к.) доселени се од селото Добровница, кривопаланечко; Јаќимовци (1 к.) и Анѓеловци (1 к.) доселени се од селото Осиче, кривопаланечко; Димитровци (1 к.) доселени се од селото Подржи коњ, кривопаланечко; Вучковци (1 к.) доселени се од селото Кркља, кривопаланечко; Анѓеловци (4 к.), Митковци (1 к.), Јаќимовци (1 к.), Шунда (1 к.), Смилковци (1 к.), Станојковци (1 к.) и Бошковци (1 к.) доселени се од селото Црцорија, кривопаланечко; Јордановци (3 к.) доселени се од селото Мождивњак, кривопаланечко; Пауновци (2 к.), Диле (1 к.), Ристевци (1 к.), и Серафимовци (1 к.) доселени се од селото Дурачка Река, кривопаланечко; Станојевци (2 к.) и Божиловци (1 к.) доселени се од селото Крстов Дол, кривопаланечко; Анчевци (1 к.) и Китановци (1 к.) доселени се од селото Дренак, кривопаланечко; Митевци (2 к.) доселени се од селото Киселица, кривопаланечко; Ивановци (1 к.) доселени се од селото Длабочица, кривопаланечко; Стојанчевци (1 к.) доселени се од селото Узем, кривопаланечко; Стојменовци (2 к.) доселени се од селото Железница; Ивановци (1 к.) доселени се од селото Крива Јаболка; Стојиловци (3 к.) доселени се од селото Ново Село, радовишко; Димитријевци (2 к.), Петровци (2 к.) и Николовци (1 к.) доселени се од селото Костин Дол; Стојан Говедар (1 к.), Арсовци (1 к.) и Темелковци (1 к.) доселени се од селото Главовица; Доневци (3 к.) доселени се од селото Саса, кај Македонска Каменица; Крстевци (2 к.) и Спасевци (2 к.) доселени се од селото Цера, кај Македонска Каменица; Даневци (1 к.) доселени се од селото Длаги Дол; Постоловци (1 к.) доселени се од селото Небојани. Македонски родови се доселени почнувајќи од 1926 година па до крајот на 50тите.
  • Ромски род: Караци (2 к.) православни се, и зборуваат на македонски, доселени се од селото Радибуш.
  • Македонско муслимански род: Велиовци (1 к.) доселени се во 1958 година од селото Стар Истевник, кај Делчево.[5]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Митко Панов, Енциклопедија на селата во Република Македонија, стр.44.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје. стр. 124-125-126-127. 
  6. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]