Прејди на содржината

Леска (Мала Преспа)

Координати: 40°46′40″N 20°53′20″E / 40.77778° СГШ; 20.88889° ИГД / 40.77778; 20.88889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Леска

Lajthizë
село
Поглед на селата Леска и Пустец
Поглед на селата Леска и Пустец
Леска is located in Албанија
Леска
Леска
Координати: 40°46′40″N 20°53′20″E / 40.77778° СГШ; 20.88889° ИГД / 40.77778; 20.88889
Земја Албанија
ОбластГорица
ОпштинаПустец
Општ. един.Пустец
Население (2007)
 • Вкупно350
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Леска (албански: Lajthizë) — село во областа Мала Преспа (област Горица), Албанија. Во 2007 г. селото имало 350 жители.[1]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Во Леска главно живеат луѓе од македонска националност Леска е најдалечното село до градот Горица (Корча), а инаку соседни се Ѕвезда и Полена (населени со Албанци).

Топонимија

[уреди | уреди извор]

Во атарот на Леска се познати следниве позначајни топоними:[2]

Ваковското Нивје, Голиње, Горна Леска, Горна Чезма, Горниците, Гропата, Дунојца, Зад Корија, Зли Дол, Иван, Ќафа, Коријата, Крајбрег (Кројбек), Круша (Дардаза), Ладиње, Леска, Лизгалата, Лозница, Љаска, Над Камен, Палје, Пепелајца, Плетваро, Плочи, Садо Калдрма, Суљмајнца, Трпојца, Турските Гробишта, Филаќето, Џавото Кладенче, Шумнајца.

Историја

[уреди | уреди извор]

За Леска има премногу легенди како таа е изградена, но едиственото сметање е тоа дека името го добила поради многу бројните дрва на растението леска уште пред да се отворат границите во Албанија (пред 90`) кога била населена во денешна Ласка или турските гробишта. После заминувањето на населението Леска броела 5 фамилии (3 македонски и 2 турски). Поради полошите услови а потебата за подобри населението се премести каде е денешна Леска и тука започнале нов живот.

Демографија

[уреди | уреди извор]
Година Население
1926 68
1945 84
1960 149
1969 157
1979 182
1989 215
2000 232[3]
2007 305

Леска е македонско село.

Родови во селото се: Казлеровци, Мазенковци, Настовци, Пандовци, Поповци, Ристовци, Стојановци, Трајковци и Џаферовци.[4]

Личности

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Бело, Раки. Селищни имена в Мала Преска - Албания, во: Македонски преглед, ХХХ, №3, стр. 135
  2. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 485–490. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  3. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-02-11. Посетено на 2007-04-21.
  4. Јовановски, Владо (2016). Населбите во Преспа. Скопје.