Франц I (Свето Римско Царство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Франц I
Workshop of Martin van Meytens Kaiser Franz Stephan 02.jpg
Цар на Светото Римско Царство;
Крал на Германија
На престол 13 септември 1745 –
18 август 1765
Крунисување 4 октомври 1745, Франкфурт
Претходник Карло VII
Наследник Јосиф II
Надвојвода од Австрија
На престол 21 ноември 1740 –
18 август 1765
Претходник Марија Терезија
Наследник Јосиф II
совладетел Марија Терезија
Војвода од Токсана
На престол 12 јули 1737 – 18 август 1765
Претходник Жан Гастоне Медичи
Наследник Леополд II
Војвода од Лорена
На престол 27 март 1729 – 9 јули 1737
Претходник Леополд
Наследник Станислав I
Сопружник Марија Терезија
Деца
Полно име
Франц Стефан
Династија Лотариншка династија
Татко Леополд
Мајка Елизабета-Шарлота Орлеанска
Роден(а) 8 декември 1708(1708-12-08)
Нанси
Починал(а) 18 август 1765(1765-08-18) (воз. 56 г.)
Инсбрук
Почивалиште Виена
Вероисповед Римокатоличка црква

Франц I (француски: François Etienne, германски: Franz Stephan von Lothringen, роден на 8 декември 1708 во Нанси - починал на 18 август 1765 во Инсбрук) — владетел од Лотариншката династија како цар на Светото Римско Царство (1745-1765), надвојвода од Австрија (1740-1765), војвода од Токсана (1737-1765) и војвода од Лорена (1729-1737).

Рани години[уреди | уреди извор]

Франц бил роден во Нанси на 8 декември 1708 како втор син на војводата од Лорена Леополд (1679-1729) и неговата сопруга, француската принцеза Елизабета-Шарлота Орлеанска (1676-1744).

Со австриските Хабсбурговци Франц Стефан бил поврзан преку неговата баба Елеонора, ќерка на царот Фердинанд III. Семејството на Франц Стефан одржувало исклучително добри односи со светиот римски цар КарлО VI, кој планирал да ја омажи својата ќерка Марија Терезија за постариот брат на Франц - Леополд-Клеменс, кој бил наследник на лотарингската круна.

Леополд-Клеменс сепак починал во 1723 година. Така Франц Стефан станал наследник на Лорена и царот Карло VI решил да го ожени Франц Стефан за својата ќерка. Во 1723 година Франц заминал во Виена, каде бил под особеното покровителство на царот. Во Австрија, Франц Стефан станал владетел на Војводство Тешен. Во Австрија Франц останал 6 години до смртта на својот татко во 1729 година, кога официјално го наследил престолот на Лорена. Во 1732 Франц Стефан бил назначен за царски намесник во Унгарија.

Виена[уреди | уреди извор]

За време на престојот на Франц Стефан во Виена меѓу него и Марија Терезија се родила љубов, но поради политичката ситуација во Западна Европа во почетокот на 30-тите години, планираниот брак бил под знак прашалник. Војната за полското наследство од 1733 година, војната против Франција и Шпанија и баварските претензии за австриската круна по смртта на Карло VI биле причина владата во Виена да планира двоен династички брак - Марија Терезија како наследничка на Австрија, Чешка и Унгарија требало да биде омажена за баварскиот принц додека нејзината сестра за Карло од Шпанија.

Во 1735 година, по завршувањето на војната за полското наследство, царот Карло VI се согласил да го компензира францускиот кандидат за полската круна Станислав Лешчински со Лорена, принудувајќи го Франц Стефан да се откаже од Лорена, во замена за Големото Војводство Тоскана, а неговиот брак со Марија Терезија повторно станал можен. Покрај тоа Франц Стефан бил назначен за управител во Холандија, а неговиот брат бил оженет за сестрата на Марија Терезија.

Така на 16 февруари 1736 година Франц Стефан и Марија Терезија се венчале во Виена, по кое заминале да живеат во Фиренца, каде Франц станал наследник на последниот владетел од Медичи.

Цар[уреди | уреди извор]

Во 1740 година починал царот Карло VI, која според Прагматичната санкција од 1713 година го наследила престолот на Австрија, Чешка и Унгарија. На 13 септември 1745 година Марија Терезија го обезбедила престолот за својот сопруг. Марија Терезија била лудо вљубена во нејзиниот сопруг и му родила многу деца.

Франц Стефан починал на 18 август 1765 година во Инсбрук.

Семејство[уреди | уреди извор]

Франц I со својата сопруга Марија Терезија имале 16 деца:

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Франц I (Свето Римско Царство)
Роден(а): 8 декември 1708 Починал(а): 18 август 1765
Владејачки титули
Претходник
Жан Гастоне Медичи
Војвода од Токсана
1737–1765
Наследник
Леополд II
Претходник
Леополд
Војвода од Лорена
1729–1737
Наследник
Станислав I
Војвода од Тишен
1729–1765
Наследник
Јосиф II
Претходник
Карло VII
Крал на Германија
1745–1764
Цар на Светото Римско Царство
1745–1765
Претходник
Марија Терезија
како sole ruler
Надвојвода од Австрија
Владетел на Австриските Ниски Земји

21 ноември 1740–1765
со Марија Терезија
Наследник
Марија Терезија
како sole ruler