Карло IV (Свето Римско Царство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карло IV
Крал на Боемија
Претходник Луј IV
Династија Капети

Карло IV (чешки: Karel IV., германски: Karl IV., латински: Carolus IV; (14 мај 1316 — 29 ноември 1378) — цар на Светото Римско Царство. роден е како Вацлав, а подоцна го одбрал името Карло.

Биографија[уреди | уреди извор]

Услови[уреди | уреди извор]

Започнатото уште во XII век распагање на ,,Светата Римска Империја” продолжува и во ХlV век.Границите на Империјата, кои на исток допираат до земјите на Тевтонскиот ред,Полска и Унгарија, на запад – до Фландрија, Франција и Херцогството Бургундија, на север – до Северно и Балтичко Море и Данскиот Шлезвиг,а на југ – до местата на Јадранското и Средоземно Море, во ХIV век во голема мерка се само номинални.Во рамките на на тие граници фактички се наогаат самостојните држави на Северна Италија, Чешка и образуваниот во крајот на Хlll век Швајцарски Сојуз.Што се однесува до исклучително германките територии заедно со освоените земји на Западните Словени,мегу различните реони на земјата нема внатрешно единство – ниту политичко,ниту економско.

==Oбразување на Швајцарскиот сојуз==

Хабзбурзите се обидуваат да го освојат Сен – Готхард, кој претставува врата на трговскиот пат мегу Германија и Италија, и да го порабат слободното население на шумските кантони.Во 1291 г трите спомнати швајцарски кантони склучуваат мегусебен ,, вечен сојуз”за борба за слобода.Првата решавачка победа на Швајцарците е во 1315 година.во борбата кај Моргартен(јужно од Циришкото Езеро) каде што војската на Хабзбурзите е разбиена од селанската пешадија. ==Специфичности на економскиот живот на Германија во XIV век== За Германија од ХlV – XV век е карактеристичен подемот на градскиот живот, со натамошен развој на занаетите и трговијата.Кон XIV в.развојот на производните сили и поделбата на трудот во разните делови на Европа и Азија доведувале до уште поголемо проширување на мегународната трговија.Северниот реон на европската трговија, што ги зафака земјите расположени по бреговите на Балтичко и Северно Море,и најкрупните трговски центри на Средоземно Море – Венеција и Генова, што водат жива транзитна трговија мегу Западна Европа и земјите на Истокот,се сврзуваат мегу себе по трговски пат,кој поминува низ алпските премини и по Рајна низ Германија.Притоа расположените градови по големиот рајнски пат,како што се Келн,Мајнц,Стразбург,Улм,Шпејер,Вормс, не се само центри на крупна,претежно посредничка трговија туку и познати центри за производство на волнени и ленени ткаенини.

Градови и сојузи на градовите[уреди | уреди извор]

Во XIV – XV век во градовите почнуваат да зечестуваат социјални конфликти и жестока борба мегу патрициската аристократија и цеховите.Во многу градови доага до заземање на власта од цеховите, а тоа од своја страна води кон натамошни внатрешни конфликти мегу привилегираните од врвот на цеховите и демократските слоеви на градското население.Градовите се принудени да водат борба и со кнезовите, кои се обидуваат да ја стават својата рака на нив, и со рицарството, посебно ,, империското рицарство” на Југозападна Германија.Рицарите, непосредни вазали на императрот, со ослабена императорска власт,се наогаат препуштени сами на себе.Нивното значење како воена база се загувува откако војните почнуваат да се водат со помош на платеници.Но основната маса рицари во тој период се претвора во своите земјишни владеења.Но основната маса рицари во тој период се претвора во ситни насилници и ограбувачи,кои бараат извор за опстанок и збогатување,учествувајки во феудалните расправиии, влегувајки во наемни односи де кај еден, де кај друг кнез,или просто занимавајки се со ограбувања на големите патишта.Ослабената императорска власт не може да ги заштити градовите од самоволието на кнезовите и ограбувањето на рицарите и да ги земе во заштита интересите на германските трговци и нивната надворешна трговија.Во тие услови градовите се принудени сами да се ангажираат за заштита на своите интереси,и надвор , и внатре во Германија,и со таа цел во различните делови на Германија тие почнуваат да се обединуваат во сојузи.Еден од најкрупните такви сојузи е северно – германската Ханза.Тешко е да се каже кога се создава таа, бидејки нејзината историја почнува со спогодбата мегу одделни градови или група градови.Кон средината на XIV век Ханзата ги опфака скоро сите северногермански градови, расположени на бреговите на Северно и Балтичко Море и редица други градови, сврзани со речни патишта и трговија на северните брегови на Европа.Тие и други северногермански градови што се наогаат во центарот на северните трговски патишта се стремат да ја обединат во свои раце целата посредничка трговија мегу Русија, скадинавските земји, Англија и Нидерландија.За таа цел Хензејскиот сојуз основува свои трговски контори во Новгород, Каунас, Берген, Бриге, Лондон и други градови.Во условите на политичка разединетост што владее во Германија Ханзејскиот сојуз истапува како самостојна политичка сила . Од втората половина на XIV в. Се организирани редовни собири на претставници што влегуваат во сојузот на градот.Решенијата на тие собири се задолжителни за сите членови на Ханзата.Ханзата во XIV век дури има своја самостојна надворешна политика,поврзувајки се со едни држави за војна против други.Во 1367 год.Ханзата во сојуз со Шведска и херцегот Мекленбуршскиот војува со Данска.Како резултат на таа војна по Штралзумскиот мир од 1370 г.Ханзејскиот сојуз добива низа тврдини на југ од Скадинавскиот Полуоствор и политичко влијание во самата Данска.Неговата главна цел де состои во тоа, со заеднички усилби за своите членови присвојува економски привилегии во реонот на хензејската трговија. Во втората половина на XIV в.градовите на Западна и Југозападна Германија исто така почнуваат да се обединуваат во сојузи.Во 70 – те години на XIV век се создаваат Швапскиот сојуз на градовите и Сојузот на рајнските градови, кои се обединуваат во 1381 г.Но на кнезовите, што се замешуваат во борбата на страната на рицарите,на крајот во 1388 г им успева да го растурат обединетиот сојуз на градовите.

==Нови појави на развојот на индустријата во XV век== Погодната положба на Германија на патиштата на светската трговија има големо значење за развојот на занаетчиството.Во XV век преработка на волнени ткаенини како и на другите земји на Европа, станува во Германија главна гранка производството кое работи за оддалечни пазари.Забележителни успеси се постигнати кон крајот на XIV и XV в.и во областа на производство на памучни ткаенини и платно,кои одат не само на локалните пазари, туку се извезуваат во Италија,Шпанија и други земји. Неопходноста за набавување суровини од различни земји,исто така како и пласманот на производите на оддалечени пазари, во низа случаи доведува веке до крајот на XVвек до потчинување на пропаднатите и не богати занаетчии на трговецот – претприеемач, кој располага со големи количества суровини и е добро запознат со веке усложнетите услови за набавување на суровини и пласман на производите. Поради тоа трговецот кој поседува капитал често станува организатор и раководител на еден цел процес на производството;тој го расчленува на низа одделни стадиуми, од кои секој претставува функција на посебни занаетчии – специјалистички, и сите тие фази ги поврзува во општ систем.Таквиот трговец – претприемач, кој понекогаш се одделува и од средината на збогатените занаетчии,фактички ги претвора непосредните производители во наемни работници зависни од него, независно од тоа позната под името ,,Расеана манифактура” во Германија почнуваат да се зародуваат елементи на рано капиталистичко производство.Во средните векови со развитокот на рударската индустрија Германија зазема прво место мегу европските земји.Во таа област на производство уште во почетокот се создаваат благопријатни услови за зародување на елементи на капиталистички односи.Пазувите на земјата,што во почетокот се јавуваат како сопственост на општините,понатаму се претвораат во кнежевски и императорски регалии,кои им се даваат на одделни лицаи групи рудари.Рудниците во почетокот претставуваат работни здруженија (Gewerkschaften),чии учесници (Gewerken) самите работат во шахтите,ја вадат и преработуваар рудата.Во текот на XIV и XVвек тие здруженија почнуваат да го губат првобитниот трудов карактер.Во XV век сопствениците на најкрупните од тие фирми – Фугерите – и други фирми на Јужна Германија им ги отстапуваат рударските работи,што им припагаат, на претприемачи, а често и самите учествуваат во експлоатицијата на рудниците,во нивното снабдување со нова опрема и организација на производството со примена на наемен труд.Изворите од втората половина на XV век зборуваат за немирите од страна на работниците во рударството, кои бараат зголемување на заработувачката и воопшто подобрување на условите на работа.

Состојбата на селското стопанство и положбата на селаните[уреди | уреди извор]

Успесите на занаетчиството и трговијата,изобилство на странски стоки во земјата и порастот на богатствата на градовите го засилуваат стремежот на германското дворјанство кон раскош,а, се разбира, и кон зголемување на приходите, што предизвикува нов бран на феудално угнетување на селаните.По извесното олеснување на положбата на селанството во XII – XIII век од втората половина на XIV век во Германија се забележува стремеж на феудалците за зацврстување и раширување на закрепостувањето на сите селани и зголемување на сите разновидни обврски што ги имаат.Во врска со започнатиот извос на жито од некои земји на Североисточна Европа надвор од границите, главно во Фландрија и Северна Нидерландија, во источните земји во Германија,веке во XV век се забележува мегу дворјанството покренување на стопанска активност. Во реоните на Северозападна Германија првостепено значење за селското стопанство има развитокот на месниот пазар т.е поголемото растење на побарувањето на производите од земјоделството од страна на блиските и во брз развој градови.Стремежот на феудалците за проширување стопанствата за сметка на селските парцели се покажува и во овој дел од земјата. Мнозинството од населението на Германија се наога во јужните и југозападните нејзини делови,во кои не настануваат услови за развој на крупното господарско селско стопанство, кое произведува жито за извоз.Зајакнувањето на феудалната експлоатација се врши главно со зголемување на кулукот,при обработка на ленот и другите индустриски култури,со проширување на господарското овчарство за сметка на заграбувањето на општинските парцели,со зголемување на секаков вид давачки,засилување на личната зависност на селаните, претворање на наследните поседи во времена и краткорочна аренда.Спротивставувањето на селаните се јавува како основна пречка за неограничено самоволие на господарите.Борбата на селаните расте со се поголемо засилување на феудалното угнетување, и во XV век таа почнува да добива карактер на отворени немири и дури големи востанија. ==Императори и територијални кнезови== Германски кнезови кои се вистински господари на своите територии, ја признаваат неопходноста од императорската власт само онолку,колку што може таа да се исползува за проширување на поседите за сметка на градовите и рицарите и за остварување на агресивните планови против соседните народи.На таа цел треба да и служат и свикуваните одвреме навреме императорски рајхстази – општоимпериски собранија,на претставници од сите земји и територии што владеат во Империјата,на кои напоредно со кнезовите истапуваат во редица случаи и претставници на империските градови.Во земјата нема ниту општо законодавство,ниту општ суд,ниту општи империски финансии. Императорскиот престол во извесна мера станува средство за зачувување на влијанието на оној книжевски дом, на кој тие му припагаат, и оние кои го поткрепуваат.Најсилните кнезови, кои имаат право да избираат императори, почнуваат да ги наречуваат курфирсти, т.е кнезови – бирачи.Кога императорот Хенрих VII Луксенбуршки(1308 – 1313) како резултат на династичкиот брак кон своите владеења ја присоединува и Чешка и станува чешки кнез, по неговата смрт курфирстите избираат император од домот на баварските херцози Вителсбасите – Лудвиг Баварски (1314-1347). Грижејки се за зголемување на наследните поседи на својот дом,Лудевит Баварски се обидува истовремено во интерес на сите други кнезови да ги обнови походите во Италија.Со таа цел Лудвиг во 1328 година се замешува во борбата на партиите Италија и застанува на страната на римската градска аристократија против папата Јоан XXII.Авантуристичкиот карактер на италијанскиот поход на Лудвиг Баварски ги разочарува неговите римски приврзаници како и оние што се во опозиција на папството,биргерски кругови на германските рајнски градови, кои му сочувствуваа и го поткрепија во неговата борба со штитениците на папството во Германија.Походот на Лудвиг Баварски во Италија завршува со срамно прапагање, а германските кнезови,кои не сакаат натаму да се зајакнува баварскиот кнежевски род на Вителсбасите, избираат уште за време на неговиот живот нов император од родот на Луксенбурзите – Карл IV , кој уште во тоа време е веке чешки крал, под името Карл I. ==,,Златна була”на Карл IV и зацврстување на разединетоста на Германија==

Во времето на Карл IV (1347-1378), политичката разединетост на Германија право е зацврстена со издавањето на ,, Златна була “ од страна на императорот во 1356 година (повелба со златен провиснат печат), која Карл Маркс ја карактеризира како ,,основен закон “ на германското многувластие” На кнезовите им се признава целосен суверенитет во нивните кнежества; право на суд , собирање царински такси,ковање пари, експлоатација на рудни богатства.Се озаконуваат приватните војни мегу феудалците , се забранува само водење на војна на вазалите против неговиот непосреден сењор.Се потврдува избирањето на императорите од колегиум на семејството на курфирстите (три духовни кнезови – архиепископите Келнски,Мајнцски и Трирски, и четири световни – кралот Чешки, херцогот Саксонски, Маркгрофот Бранденбуршки, пфалцгрофот Рајнски). Забранувајки ги сојузите мегу градовите ,, Златна була “ прогласува дека империјата е политичка организација на суверени кнезови и градовите не можат независно од кнезовите да претендираат на политичка улога.Феудално класниот карактер на ,, Булата “ е подвлечен од правниците,кои понатаму се повикуваат на овој документ, кој ја утврдува полната власт на кнезовите на нивните територии, како основа за укинување на селанските права и нивното наследно користење на земјата и за заграбување на општинските поседи од страна на феудалците.

Подем на опозиционото движење во градовите[уреди | уреди извор]

Опозиционо расположение во германското биргерство се јавува веке во XIV век.Граганите се незадоволни од политичкиот хаос и господарењето на кулачкото право што се јавува како резултат на мокта и произволноста на кнезовите.Опозицијата на биргерството се пројавува и во горе споменатото движење на формирање на градски сојузи,а исто така во антипапската борба на рајнските градови во времето на конфликтот на Лудвиг Баварски со папата.Истакнатото барање во учењето на мистиците за решавачкото значење на внатрешниот религиозен живот на човекот,што во зародиш содржи идеи за идна реформација, се одразува во разбудувањето на дух за протест кај биргерството против авторитарниот деспотизам на духовните и световните кнезови,санкциониран од католочката црква.Малку подоцна, во XV век , се посилно почнуваат да се слушаат гласовите на оние не многубројни напредни претставници на германското биргерство,кои се поврзани со елементите за зародишните капиталистички односи во земјата.Од тие кругови произлегуваат барањата и за востановување на државно единство и добивање соодветно место на Германија мегу другите народи. Политичкиот памфлет од 1439 год,, Реформација на императорот Сигизмунд” содржи барања што ги одразуваат интересите на тој прогресивен слој на биргерството ; да ја претворат Германија во централизирана држава да ги прекинат бескрајните феудални војни, да ги потчинат месните власти во општодржавните закони,да ги заменат феудалните привилегии во систем на државни права и обврски,и да создадат единствено судско законодавство, систем на единствени такси и единствени пари.Во интерес на подобрувањето на условите на занаетите и трговијата памфлетот бара отстранување на цеховските ограничувања и ликвидација на крупните трговско – лихварски компании.Иницијативата за државно обединување, според мнението на авторот на анонимниот памфлет, треба да им припадне на градовите - ,, чувари на државното право “ во Империјата.Поради тоа тој бара да им се вратат имотите на општините узурпирани од феудалците, да се укинат низа феудални обврски и посебно да се укине крепосната состојба на селаните.

Селански движења во XV век[уреди | уреди извор]

Значењето на револуционерното селанско движење во борбата со социјалната и политичката реакција и со кнежевските произволности во разединета Германија се јавува веке во првата половина на XV век,особено во времето на хуситските војни во Чешка , кога селаните, на кои, според зборовите на Ф.Енгелс ,, лежи целата тежина на сета општествена пирамида: кнезови, службеници,дворјанство,попови,патриции и биргери” почнуваат да преминуваат кон револуционерни акции. Откако крстоносните походи против Хуситите (1420- 1431),организирани од германскиот император и римскиот папа, завршуваат со пораз и револуционерната чешка армија на таборитите,чија основна сила ја сочинуваат селанските маси,излегува од границите на Чешка и навлегува во Баварија,Австрија,Шлезија и Унгарија започнуваат револуционерни настапувања на селаните во разни делови на Германија.Големо востание на селаните во реонот на Германија.Големо востание на селаните во реонот на Вормс во 1431 година против феудалците и лихварите предизвикува загриженост кај кнезовите и градската аристократија.Постои опасност, под влијание на чешките настани,локалните селански востанија да се претворат во општ напад на сите господари во Германија. На црковниот собор во Базел некои учесници со голема загриженост укажуваат дека бунтувањата на германските селани,готови да преминат на страна на Чесите, претставуваат застрашување на власта на кнезовите и на самото постоење на Империјата.

Појава на револуционерното знаме на ,, чевелот”[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 30- те и 40- те год. На XV век во југозападните делови на Германија се јавува наезда на странски наемни вооружени банди армањаци, кои во времето на Стогодишната војна се наогаат во служба на францускиот крал.Сакајки да ги присоедини кон своите поседи југозападните рајнски области на Германија,францускиот крал Карл XII упатува таму многубројни одреди наемници, под водство на дофинот Лудвиг (идниот крал Лудвиг XI) кои ги разоруваат тие земји,вршејки ограбувања, палежа и убиства.Германските кнезови и феудалци,исто така како и германскиот император, не само што не го спречуваат дејствувањето на армањаците,туку напротив, ги повикуваат во германските земји и им помагаат, надевајки се на таков начин да го потиснат спротивставувањето на селаните и да ја уништат опозицијата во градовите што расте се повеке.Основани на двата брега на Рајна одреди и групи на народни одмаздувачи организираат заседи,напагаат на армањаците, ја прекинуваат врската мегу одредите,лишувајки ги од редовно снабдување.Огромната армија на дофинот Лудвиг се претвора во 1444-1445 г во разбиени групи од гладни и искинати скитници. Народните одреди во своите дејства се потпираат на широката поткрепа од населението.Повикувајки кон општа борба со надворешните освојувачи и ограбувачи,селанските одреди истапуваат под своето знаме, на кое напоредно со образот на Богородица е нацртан селски чевел со долги врвки.Знамето на ,,Чевелот” подигнато за првпат во времето на борбата со армањаците,понатаму станува симбол кој ги повикува селаните во борба против феудалците и кнезовите.Тоа знаме внесува неспоредлив став мегу владеачката класа во Германија.Во 1460 год.под знамето на ,, Чевелот” востануваат селаните од местото Хегау.Востанието предизвикува голема вознемиреност мегу феудалците на целата југозападна Германија. Во 1493 год. во Елзас е откриен заговор, организиран од таен сојуз на селани и грагани.Планот на учесниците на заговорот се состои во тоа,откако ке го освојат градот Шлетштат, да го истакнат знамето на ,, Чевелот “ , кое , како што се тие убедени, ке привлече во нивните редови мнозинство од ,, простиот народ “ доволно за еден широк настап.По освојувањето на власта членовите на сојузот сметаат да внесат редица измени во судството,да укинат некои од кнежевските даноци и давачки и да го уништат лихварството.

Германската Империја во втората половина на XV век[уреди | уреди извор]

Настаните од внатрешниот живот во XV век означуваат влегување на Германија во периодот на револуционерен подем, кој се завршува во XVI век со прва голема борба во Европа против феудалниот поредок – реформација и Голема селанска војна . Кнезовите, феудалците и владеачките патрициски врвови во градовите немилосрдно го потиснуваат пројавувањето на секакво народно незадоволство.Опасниот за германските феудалци кнежевства клика карактер кој го добива народното движење во XV век , при околност на појава на централизирани држави ви Европа,предизвикува загриженост кај книжевската олигархија, која се плаши од совпагањето на селанското движење во земјата,со ослободителни движења на народите кои се пострадани од насилствата на германските феудалци.Се повеке и повеке се определува самостојното,независно од Империјата развивање на Швајцарскиот Сојуз и Чешка,по хуситските војни.Агресивната политика на Тевтонскиот ред,против Полска и Литванија, којашто претрпува неуспех,продолжува во XIV и во првите години на XV век.Заземајки ја во почетокот на XV век територијата на литванското племе Жмуд, и на таков начин обединувајки ги своите ливонски пруски владеења,редот ја истиснува од морето,исто така,Литванија,а потоа почнува настапување на полските земји на десниот брег на Висла.Но веке во 1410 година во борбите при Гринвалд обединетите сили на Полјаците, Литванците, Русите и Чесите, на рицарите од Тевтонскиот ред им нанесуваат решавачки пораз.Германскиот император од хабзбуршкиот дом Фридрих III (1440 - 1493) се обидува да го придобие рускиот голем кнез Иван III на своја страна и му предлага заеднички да дејствува против Полска.Настаните во Германија важни економски движења и раширувањето на трговските врски уште повеке ја потцртуваат политичката разединетост на земјата.,, Кон крајот на XV век – пишува Ф.Енгелс – Германија станува се повеке расцепкана ; нејзиниот центар – се послаб,додека за тоа време Франција и Англија веке повеке или помалку се централизирани и во нив нациите веке се формираат” Усложнетата за Германија мегународна ситуација и зголемувањето на народното движење внатре во земјата ги принудуваат германските кнезови да бараат пат кон империска реформа. Кон крајот на 80- те години на XV век во Југозападна Германија никнува големо политичко и воено обединување под името ,, Швапскиот сојуз”. Формално тоа е обединување на рицарите и империските градови на Југозападна Германија, кон кое се присоединуваат и одделните крупни кнезови.Всушност, Сојузот целиот се наога во рацете на тие кнезови кои го признаваат за свој раководител- архиепископот од Мајнц.

Заклучок[уреди | уреди извор]

Постои надеж дека општоимпериските установи ке можат во сложените услови да спроведуваат реакционерна внатрешна и надворешна политика потребна на кнезовите и феудалците.Но сепак, од страв да не се загрози суверенитетот на нивните територии, кнезовизе не сакаат империските установи да поседуваа реална воена и финансиска сила и извршни органи.При спроведувањето на таа реакционерна политика кнезовите сметаат на Шавпскиот сојуз и на други слични сојузи што претпоставуваат дека ке се создадат во земјата.На таков начин ,,империската реформа” претставува не ликвидирање на државната и политичката разединетост,туку, напротив, нивно зајакнување.Но,дури и таа ,,реформа” не може да се реализира поради расцепот мегу кнежевските клики.Обидот на Швапскиот сојуз и на императорот Максимилијан I Хабзбуршки (1493-1519) повторно да ја потчини Швајцарија завршува со неуспех.Започнатата од нив војна против Швајцарскиот сојуз во 1499 година завршува со пораз и доведува до фактички расцеп на сите врски мегу Швајцарија и Империјата.

Наводи[уреди | уреди извор]