Фердинанд III (Свето Римско Царство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фердинанд III
Ferdinand III, Holy Roman Emperor.jpg
Цар на Светото Римско Царство
Крал на Германија
На престол 1637 –1657
Крунисување 30 декември 1636
Претходник Фердинанд II
Наследник Леополд I
Крал на Унгарија и Хрватска
На престол 8 декември 1625 – 2 април 1657
Крунисување 8 декември 1625, Сопрон[1]
Претходник Фердинанд II
Наследник Леополд I
Крал на Бохемија
На престол 21 ноември 1627 – 2 април 1657
Крунисување 21 ноември 1627, Прага
Претходник Фердинанд II
Наследник Леополд I
Надвојвода од Австрија
На престол 15 февруари 1637 – 2 април 1657
Претходник Фердинанд II
Наследник Леополд I
Сопружник Марија Ана Шпанска
Марија Леополдина
Елеонора Гонзага
Деца
* Фердинанд IV
Династија Хабсбуршка династија
Татко Фердинанд II
Мајка Марија Ана Баварска
Роден(а) 13 јули 1608
Грац, Австрија
Починал(а) 2 април 1657(1657-04-02) (воз. 48 г.)
Виена, Австрија
Почивалиште Виена
Вероисповед Римокатоличка црква

Фердинанд III (германски: Ferdinand III, роден на 13 јули 1608 во Грац - починал на 2 април 1657 во Виена) — владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство во периодот од 1637 до 1657 година, крал на Унгарија и крал на Хрватска (1625-1657), крал на Бохемија (1627-1657), надвојвода од Австрија (1637-1657).

Рани години[уреди | уреди извор]

Фердинанд бил најголемиот син на Фердинанд II и неговата прва сопруга Марија Ана Баварска.

Управување[уреди | уреди извор]

По доаѓањето на престолот во 1637 година, Фердинанд се надевал дека ќе склучи мировен договор со Франција и Шведска, но Триесетгодишната војна продолжила уште 11 години. Во негово време бил потпишан Вестфалскиот договор со кој завршила Триесетгодишната војна.

Поради тешката ситуација од војната, Фердинанд во 1644 година им дозволил на германските владетели самостојно да ја водат својата надворешна политика. Преку овој потег Фердинанд сакал да стекне поголем број на сојузници, но ова од друга страна довело до слабеење на царската моќ.

Семејство[уреди | уреди извор]

На 20 февруари 1631 година Фердинанд III се оженил во Виена за Марија Ана Шпанска (1606-1646). Таа била најмладата ќерка на Филип II и Маргарита Австриска. Тие воедно биле први братучеди, бидејќи мајката на Марија Ана била сестра на таткото на Фердинанд. Заедно имале шест деца:

Во 1648 Фердинанд се оженил во Линц за австриската надвојводка Марија Леополдина (1632-1649). Таа била ќерка на австрискиот надвојвода Леополд V и Клаудија Медичи. Тие биле втори братучеди и имале еден син:

Во 1651 Фердинанд III се оженил во Виена за Елеонора Гонзага (1630-1686). Заедно имале 4 деца:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hengerer, Mark (2012) (на German). Kaiser Ferdinand III. (1608-1657): Eine Biographie. Wien - Köln - Weimer: Böhlau Verlag. стр. 62. ISBN 978-3-205-77765-6. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]