Карло VI (Свето Римско Царство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карло VI & III
Martin van Meytens (attrib.) - Porträt Kaiser Karl VI.jpg
На престол 12 октомври 1711 – 20 October 1740
hre 22 декември 1711, Франкфурт
Претходник Јосиф I
Наследник Карло VII
Деца
Марија Терезија
Марија Ана
Марија Амалија
Полно име
германски: Karl Franz Joseph Wenzel Balthasar Johann Anton Ignaz
Династија Хабсбуршка династија
Татко Леополд I
Мајка Елеонора Магдалена фон Пфалц-Нојбург
Роден(а) 1 октомври 1685(1685-10-01)
Виена
Починал(а) 20 октомври 1740(1740-10-20) (воз. 55 г.)
Виена
Почивалиште Виена
Потпис
Вероисповед Римокатоличка црква

Карло VI (германски: Karl VI, роден на 1 октомври 1685 во Виена - починал на 20 октомври 1740 во Виена) — владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство и крал на Германија (1711-1740), војвода од Тишен (1711–1722), надвојвода од Австрија, крал на Хрватска (како Карло III), крал на Бохемија (како Карло II) и крал на Унгарија (како Карло III) (1711–1740) и претендент кон шпанскиот престол до 1711 година.

Рани години[уреди | уреди извор]

Карло бил роден во Виена како втор син на царот Леополд I и неговата трета сопруга, принцезата Елеонора Магдалена фон Пфалц-Нојбург. Неговото полно име е Карло Франц Јозеф Венцеслау Балтазар Јохан Антон Игнатиус.

Карло бил претендент кон шпанскиот престол од Хабсбуршката династија. Кога Карло II го прогласил својот син Филип V за свој наследник, Луј XIV го нарушил претходниот склучен договор. Спорот за круната на Шпанија довело до започнување на Војна за шпанското наследство[1].

Управување[уреди | уреди извор]

Надворешна политика[уреди | уреди извор]

Откако постариот брат Јосиф I починал во 1711 година, Карло се вратил во Австрија[2], каде ја наследнил титулата крал на Унгарија, Хрватска и Бохемија. Подоцна истата година во Франкфурт бил избран и за цар на Светото Римско Царство. По договорот од Раштат од 1714 година завршила Војната за шпанскиот престол. Со договорот Филип V станал нов шпански крал под услов да се одрече од сите претензии кон францускиот престол. Од друга страна Карло VI ги добил некогашните територии кои шпанските монарси ги поседувале во Холандија и Италија.

Карло водел војни со Османлиската Империја. Кога Венецијанската Република во 1714 година започнала војна со Османлиите, побарала од Карло да се формира Света Лига како онаа од 1684 година. Така во 1716 година бил потврден сојузот и била објавена војна на Османлиите. Веќе докажаниот царски војсководач Евгениј Савојски ги поразил на Османлиите во битката кај Петроварадин во 1716 година, додека следната 1717 година бил заземен и Белград. Според договорот од Пожаревац Османлиите изгубиле дел од Банат, Смедеревскиот санџак заедно со Белград и Северна Босна[3]. Австрија со Белград управувала во следните 20 години. Според договорот од Белград и крајот на Австро-турската војна (1737-1739), Австрија била потиснета од Балканот[4]. Така Белград и Шабац со цела Србија до Сава и Дунав, Влашка и дел од Босна биле повторно дадени на Османлиите. Австрија го задржала Банат но морала да ги сруши сите тврдини кои ги изградила во текот на владеењето на овие земји по Пожаревачкиот договор.

Внатрешна политика[уреди | уреди извор]

Главно прашање кое се отворило во текот на владеењето на Карло VI било околу тоа кој ќе биде негов наследник. Карло како и неговиот брат Јосиф имал само ќерки, а според традициите кои важале во Светото Римско Царство, жените немале право да бидат наследници на престолот. Но, во 1713 година Карло ја издал т.н. Прагматична санкција според која неговата ќерка Марија Терезија може да го наследи престолот. Под негов притисок, оваа санкција била прифатена од владетелите на Светото Римско Царство и неколку други европски сили,[5][6]. Така во 1723 година било дозволено таа да стане негов наследник. Во 1736 година Марија Терезија била омажена за Франц Стефан, големиот војвода од Токсана.

Но, кога Карло починал, Прусија, Саксонија, Баварија и Франција ја одбиле т.н. Прагматична санкција и за цар бил избран Карло VII, изборниот кнез на Баварија. Со ова започнала Војната за австриското наследство, каде Марија Терезија со помош на Унгарија, Бохемија и Австрија го обезбедила престолот на својот сопруг Франц.

Според тоа, Карло VI бил последниот цар на Светото Римско Царство од директната машка линија на Хабсбуршката династија, додека Франц бил основач на Лотарингенската династија.

Семејство[уреди | уреди извор]

Име Портрет Животен век Забелешка
Леополд Јован
Coat of arms of the House of Habsburg.png 13 април 1716 –
4 ноември 1716
Надвојвода од Австрија, починал кога имал седум месеци.
Марија Терезија
Kaiserin Maria Theresia (HRR).jpg 13 мај 1717 –
29 ноември 1780
Надвојводка од Австрија и глава на Хабсбуршката династија, се омажила за Франц, кој подоцна станал цар на Светото Римско Царство.
Марија Ана
Maria Anna of Austria Piaristenkeller Wien.jpg 14 септември 1718 –
16 декември 1744
Надвојводка од Австрија, се омажила за Карло Александар Лотарингски, кој бил управител на Австриска Холандија.
Марија Амалија
Andreas Moeller 003.jpg 5 април 1724 –
19 април 1730
Надвојводка од Австрија, починала на шест години.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Crankshaw, Edward: Maria Theresa, 1969, Longman publishers, Great Britain (pre-dates ISBN)
  • Jones, Colin: The Great Nation: France from Louis XV to Napoleon, University of Columbia Press, Great Britain, 2002, ISBN 0-231-12882-7
  • Fraser, Antonia: Love and Louis XIV: The Women in the Life of The Sun King, Orion books, London, 2006, ISBN 978-0-7538-2293-7
  • Mahan, J.Alexander: Maria Theresa of Austria, Crowell publishers, New York, 1932 (pre-dates ISBN)
  • Kahn, Robert A.: A History of the Habsburg Empire, 1526–1918, University of California Press, California, 1992, ISBN 978-0-520-04206-3
  • Acton, Harold: The Last Medici, Macmillan, London, 1980, ISBN 0-333-29315-0
  • Browning, Reed: The War of the Austrian Succession, Palgrave Macmillan, 1995, ISBN 0-312-12561-5

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Fraser, 312.
  2. Fraser, Antonia: Love and Louis XIV: The Women in the Life of The Sun King, Orion books, London, 2006, ISBN 978-0-7538-2293-7, 331.
  3. Encyclopædia Britannica. „Charles VI (Holy Roman emperor)“. britannica.com. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/107109/Charles-VI. конс. 22 октомври 2009 г. 
  4. Treaty of Belgrade (1739), Alexander Mikaberidze, Conflict and Conquest in the Islamic World: A Historical Encyclopedia, 210.
  5. Pragmatic Sanction of Emperor Charles VI, Encyclopædia Britannica, retrieved 15 October 2009.
  6. Jones, Colin: "The Great Nation: France from Louis XV to Napoleon", University of Columbia Press, Great Britain, 2002, ISBN 0-231-12882-7, 89.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]