Максимилијан II (Свето Римско Царство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Максимилијан II
Nicolas Neufchâtel 002.jpg
Максимилијан II
Цар на Светото Римско Царство
Надвојвода од Австрија
На престол 25 July 1564 – 12 October 1576
Претходник Фердинанд I
Наследник Рудолф II
Крал на Бохемија
На престол 20 септември 1562 – 12 октомври 1576
Крунисување 20 септември 1562, Прага
Претходник Фердинанд I
Наследник Рудолф II
Крал на Римјаните
(Крал на Германија)
На престол 28 ноември 1562 – 12 октомври 1576
Крунисување 30 ноември 1562, Франкфурт
Претходник Фердинанд I
Наследник Рудолф II
Крал на Унгарија и Хрватска
На престол 8 септември 1563 – 12 октомври 1576
Крунисување 8 септември 1563, Братислава
Претходник Фердинанд I
Наследник Рудолф II
Сопружник Марија Шпанска
Деца
Ана Австриска
Фердинанд Австриски
Рудолф II
Ернест
Елизабета Австриска
Марија Австриска
Матеја
Мртвороден син
Максимилијан III
Албрехт VII
Венцел Австриски
Фридрих Австриски
Марија Австриска
Карло Австриски
Маргарита Австриска
Елеонора Австриска
Династија Хабсбуршка династија
Татко Фердинанд I
Мајка Ана Јагелонина
Роден(а) 31 јули 1527
Виена, Надвојводство Австрија
Починал(а) 12 октомври 1576(1576-10-12) (воз. 49 г.)
Регенсбург
Почивалиште Прага
Вероисповед Римокатоличка црква

Максимилијан II (германски: Maximilian II, роден на 31 јули 1527 во Виена - починал на 12 октомври 1576 во Регенсбург) — владетел од Хабсбуршката династија, цар на Светото Римско Царство од 1564 година до неговата смрт во 1576, крал на Чешка од 1562 година, крал на Германија од 1562 година и крал на Унгарија од 1563 година. Како цар на Светото римско царство стапил по смртта на својот татко Фердинанд I на 25 јули 1564 година[1][2].

Рани години[уреди | уреди извор]

Максимилијан II бил роден во Виена како син е на царот Фердинанд I и на чешко-унгарската кралица Ана Јагелонина. Образованието го добил главно во Шпанија, каде се стекнал со искуство за време на воените кампањи на својот чичко Карло V против Франција во 1544 година.

Во 1548 година Максимилијан се оженил за својата прва братучетка Марија Шпанска и станал официјален претставник на Светото Римско Царство во Шпанија.

Владеење[уреди | уреди извор]

Во 1550 се вратил во Германија, за да земе учество во дискусиите за наследството на царството. Во 1558 година Карло V ги поделил своите територии помеѓу неговиот брат Фердинанд I и неговиот син Филип. Престолот на Светото Римско Царство го добил таткото на Максимилијан. Во 1562 година, Максимилијан бил избран од изборниот совет во Франкфурт за Крал на Римјаните (Германски крал), со кое се зацврстил на позицијата наследник на престолот на Светото Римско Царство, место за кое се залагал и Филип.

Во 1562 година, Максимилијан е избран од електорската комора во Франкфурт за Крал на Римјаните (Германски крал), со што се зајакнува позицијата на наследник на престолот на Светата Римска империја, за каков според компромис во 1558 година е готви Филип Шпански.

Престолот на Максимилијан било доведено во прашање поради позитивниот негов однос кон протестантизмот, кон кое чувствувал симпатии до крајот на својот живот, иако официјално останал католик. За да го освои мнозинство на гласовите во изборниот совет, Максимилијан ги уверувал католиците дека е верен на католицизмот, а на протестантите ветувал дека ќе го прифати протестантизмот откако ќе биде назначен за цар. Во 1563 година Максимилијан бил крунисан за цар на Унгарија, а на следната година, по смртта на Фердинанд, бил избран за цар на Светото Римско Царство, вклучувајќи ги и двете кралства Чешка и Унгарија.

Новиот цар им дал верски слободи на аристократите и витезите-протестанти во Австрија и ги одбил одлуките на Трентскиот собор.

Максимилијан ја обновил војната против Османлиите, обидувајќи се да ја заштити Унгарија од нивната експанзија[3]. Тој, сепак не постигнал сериозни успеси во овој поглед и во 1568 година склучил мировен договор со султанот, со кој се обврзал да му плаќа годишен данок.

Во 1575 година Максимилијан II бил избран за крал на Полска, но не успеал да се наметне над приврзаниците на другиот кандидат Стефан IV Батор и бил принуден да се повлече од Полска.

Семејство[уреди | уреди извор]

Максимилијан II и Марија Шпанска имале шеснаесет деца:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Maximilian II. (2009). In Encyclopædia Britannica Retrieved 20 May 2009, from Encyclopædia Britannica Online: http://www.britannica.com/EBchecked/topic/370517/Maximilian-II
  2. Paula Sutter Fichtner, Historical dictionary of Austria ( 2009)
  3. Paula Sutter Fichtner, Emperor Maximilian II (2001)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Максимилијан II (Свето Римско Царство)
Роден(а): 31 јули 1527 Починал(а): 12 октомври 1576
Владејачки титули
Претходник
Фердинанд I
Крал на Римјаните и Бохемија
1562–1576
со Фердинанд I (1562-1564)
Наследник
Рудолф II
Крал на Унгарија и Хрватска
1563–1576
со Фердинанд I (1563-1564)
Цар на Светото Римско Царство
Надвојвода од Австрија

1564–1576