Матеја (Свето Римско Царство)
Матеја | |
---|---|
Цар на Светото Римско Царство Крал на Германија | |
На престол | 13 јуни 1612 – 20 март 1619 |
Крунисување | 26 јуни 1612, Франкфурт |
Претходник | Рудолф II |
Наследник | Фердинанд II |
Крал на Бохемија | |
На престол | 11 март 1611 – 16 мај 1617 |
Крунисување | 23 мај 1611, Прага |
Претходник | Рудолф II |
Наследник | Фердинанд II |
Надвојвода на Австрија | |
На престол | 25 јуни 1608 – 20 март 1619 |
Претходник | Рудолф II |
Наследник | Фердинанд II |
Крал на Унгарија и Хрватска | |
На престол | 25 јуни 1608 – 1 јули 1618 |
Крунисување | 19 ноември 1608, Пресбург |
Претходник | Рудолф II |
Наследник | Фердинанд II |
Роден(а) | 24 февруари 1557 Виена, Австрија |
Починал(а) | 20 март 1619 Виена, Австрија | (возр. 62)
Сопружник | Ана Тиролска |
Династија | Хабсбуршка династија |
Татко | Максимилијан II |
Мајка | Марија Шпанска |
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Матеја (германски: Matthias, роден на 24 февруари 1557 во Виена - починал на 20 март 1619 во Виена) — владетел од Хабсбуршката династија, цар на Светото Римско Царство од 1612 година до неговата смрт, крал на Унгарија и Хрватска од 1608 година (како Матеја II), и крал на Бохемија од 1611 година.[1].
Животопис
[уреди | уреди извор]Матеја бил четврти син на Максимилијан II и неговата сопруга Марија Шпанска.
Матеја се оженил со Ана Тиролска, ќерка на неговиот чичко Фердинанд II, кој бил надвојвода на Австрија. Од овој брак не се родиле наследници, додека Матеја во 1595 година го наследил Надвојводство Австрија од неговиот чичко.
Постариот брат на Матеја, Рудолф II во 1593 година го поставил за негов заменик на Австрија. Во текот на овој период, Матеја станал доста близок со виенскиот епископ Мелхиор Клезл, кој подоцна му станал главен сојузник. Во текот на Долгата војна во Унгарија (1593-1606), хабсбуршките сили војувале со силите на Османлиите за превласт над северна Унгарија и Трансилванија. Во 1605 година унгарските протестанти направиле обид да ја отфрлат хабсбуршката католичка власт. Рудолф го назначил на Матеја како водач за задушување на востанието. И покрај победата, во 1606 година во Виена бил потпишан договор за верските слободи во Унгарија.
Оваа победа на Матеја му донела привилегија да се наметне како владетел над Австрија. Неговиот болен брат Рудолф морал да го назначи како свој наследник на престолот. Со помош на аристократите од Австрија, Унгарија и Бохемија во 1608 година го натерал на својот брат да му ја преотстапи најпрвин унгарската круна а потоа и бохемиската во 1611 година.
По смртта на својот брат во 1612 година Матеја официјално ја добил титулата цар на Светото Римско Царство. Со поддршка на епископот Мелхиор Клезл, Матеја водел политика на верска толеранција давајќи им слобода на вероисповед на протестантите како и привилегии во Австрија. Ваквата политика довела до заострување на односите со својот прв братучед, Фердинанд. Матеја во 1617 година бил принуден да ја отстапи Бохемија на Фердинанд, а следната 1618 година и Унгарија. По смртта на Матеја во 1619 година, неговиот братучед го наследил на престолот како Фердинанд II.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матеја (Свето Римско Царство) на Ризницата ?
Матеја (Свето Римско Царство) Роден(а): 24 февруари 1557 Починал(а): 20 март 1619
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Рудолф II |
Крал на Бохемија 1611–1619 |
Наследник Фердинанд II |
Крал на Унгарија и Хрватска 1608–1619 | ||
Крал на Германија 1612–1618 | ||
Цар на Светото Римско Царство 1612–1619 | ||
Надвојвода на Австрија 1608–1619 |
Наследник Албрехт VII | |
Претходник Фердинанд II |
Надвојводство Австрија 1608–1619 |
|