Сигизмунд (цар на Свето Римско Царство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сигизмунд
Pisanello 024b.jpg
Sigismund, aged approximately 50, in a painting traditionally attributed to Pisanello
Цар на Светото Римско Царство
На престол 1433–1437
Крунисување 31 мај 1433 во Рим
Претходник Карло IV
Наследник Фридрих III
Крал на Унгарија и Хрватска
На престол 1387–1437
Крунисување 31 март 1387 во Секешфехервар
Претходник Марија Унгарска
Наследник Албрехт II
Крал на Германија
На престол 1411–1437
Крунисување 8 ноември 1414 во Ахен
Претходник Рупрехт
Наследник Албрехт II
Крал на Бохемија
На престол 1419–1437
Крунисување 27 јули 1420 во Прага
Претходник Вацлав IV
Наследник Албрехт II
Сопружник
Деца
Елизабета Луксембуршка
Династија Династија Луксембург
Татко Карло IV
Мајка Елизабета Померанија
Роден(а) 14 февруари 1368
Нирнберг
Починал(а) 9 декември 1437(1437-12-09) (воз. 69 г.)
Знојмо, Кралство Бохемија
Почивалиште Oradea
Вероисповед Римокатоличка црква

Сигизмунд (германски: Sigismund von Luxemburg; латински: Sigismundus; унгарски: Zsigmond; чешки: Zikmund) (роден во 14 февруари 1368 во Нирнберг - починал на 9 декември 1437 во Знојмо) — владетел од династија Луксембург[1] како изборен кнез од Бранденбург (1378—1388, и 1411-1415), крал на Унгарија и Хрватска (од 1387), крал на Германија (од 1411), крал на Бохемија (од 1419), крал на Италија (од 1431) и Цар на Светото Римско Царство (1433—1437).

Сигизмунд бил еден од највлијателните монарски во Европа во текот на првата половина на 15 век. Тој бил еден од движечките сили на Соборот во Констанца кој завршил со Западната шизма. Во текот на своето владеење започнале Хуситските војни. Сигизмунд бил погребан во Нагиварад[2], Кралство Унгарија (денешна Романија), во близина на гробот на унгарскиот крал Ласло I.

Рани години[уреди | уреди извор]

Сигизмунд бил втор син на римско-германскиот цар Карло IV, но прв син од Елизабета Померанска која потекнувала од полската влијателна фамилија Пјастови. Тој бил претставник на една од најмоќните европски династии во доцниот среден век, која дотогаш ја обезбедила круната на Карло Велики во два наврати.

Со неговиот постар полубрат Вацлав IV никогаш не бил во блиски односи, но и немал некакви големи судири, во името на династијата. Царот, воден од истите причини ги назначил и двата сина за изборни кнезови. Така во 1378 година во Вацлав станал изборен кнез на Чешка додека Сигизмунд на Бранденбург[3].

Крал[уреди | уреди извор]

Сигизмунд бил свршен за десетгодишната унграска принцеза Марија Анжу во годината на смртта на неговиот татко Карло во 1378 година. Следните четири години тој ги поминал во Будим со својата свршеница, наследничка на унгарската круна. Во 1382 година починал Лајош Велики и Сигизмунд станал крал-регент на Унгарија. Титулата на владејачкото семејство веднаш предизвикала паника од нивните роднини во Неапол, по кое Сигизмунд бил принуден да собере пари за новиот конфликт. Тој се откажал од титулата изборен кнез на Бранденбург во корист на својот братучед Јобст Моравски.

Сигизмунд се обидел за време на својата власт над Бранденбург да ги затопли германско-полските односи. Но недоволно, бидејќи на крајот Полска останала одделно кнежевство. Ова се случило откако неговата сопруга ја добила круната на Унгарија, а нејзината помала сестра Хедвига ја добила онаа на Полска. По создадената можност за независна монархија, полските благородници успеале да го решат бракот на Хедвига со литванскиот кнез Владислав II и на тој начин да ја формираат обединетата Полско-литванската унија.

Зајакнувањето на кралската власт на Сигизмунд има долга историја. Во Унгарија се покажало дека кралицата-мајка и негова тешта Елизабета Котроманиќ останува регент на кралството, босанскиот бан Твртко Котроманиќ не го признал како крл, додека пак Хрватите во Јужна Унгарија директно го прифатиле за свој крал Ладислав Неаполски. Против нив тој имал свои планови и поддршката на некои нобили како оние од семејствата Горански и Стибориќ. Во следните повеќе од десет години Сигизмунд ја консолидирал својата власт преку раздавање на феудални имоти само на барони од унгарско потекло. Со оваа политика тој ја добил поддршката. Со својата тешта, тој се справил преку нејзино киднапирање и убиството за кое го обвинил нејзиниот роднина Твртко Котроманиќ. И покрај тоа што бил прогласен како самостоен крал на Унгарија и Хрватска во 1387 година[4], кралица Марија ја изгубила довербата во Сигизмунд и до нејзината смрт во 1395 година тие живееле одвоено. Во истата година Никола II Горански успеал да ја потчини хрватската династија, а Твртко Котроманиќ во тоа време починал под неразјаснети околности во 1391 година.

По овие успеси, Сигизмунд продолжил со налагање на својата власт во Славонија и Босна. Тогаш унгарскиот крал го излажал на хрватскиот бан Степан Лачковиќ и неговите соработници во Крижевци и против правилата на мировните преговори, Унгарците успеале да ги убијат невооружените противници. Масакрот е познат како Крвавиот хрватски собор и бил проследен со масакрот на други 170 босански големци кои го подржувале на неаполскиот крал[5]. За трајно надминување на заканата од Ладислав и Неапол, Сигизмунд направил сојуз со италијанските градови и особено со Венеција.

Понатамошен династички судир со Неапол и со Полска бил избегнат поради големата експанзија на Османлиите на Балканот. Во 1396 година тие ја искористиле можноста од големите нереди во Кралство Унгарија и да ги прошират своите територии кон Дунав.

Крстоносна војна[уреди | уреди извор]

Османлиските напади се покажале корисни за Сигизмунд бидејќи тој побарал од Папа Бонифациј IX да повика на нова крстоносна војна против Турците. Овој повик брзо ги обединил на унгарските големци околу младиот германски крал. Војната станала популарна низ цела Европа и кај Сигизмунд пристигнале војниците на десетици принцови, како оние на Јован II Бестрашниот и Мирчо Стариот. Во 1396 унгарскиот крал заминал по течението на реката Дунав на чело на 90.000 крстоносци. Градот Видин бил заземен, но кај Никопол војниците на Сигизмунд биле поразени од Бајазит I. Така, првата воена експедиција во Европа да се сопре османлиската експанзија доживеала тотален неуспех.

Но овој пораз не го разочарал на Сигизмунд. Поразот кај Никопол довел до појава на нови противници во Унгарија, но тој тоа најдобро го искористил. По последниот пораз на Српското деспотство на Косово поле, Сигизмунд се самообјавил во документите за крал и заштитник на српските христијани. По овој настан, тој се насочил кон разнишаната бохемиска и германска монархија, управувана од неговиот брат Вацлав. Вацлав I бил соборен како германски крал, но не ја дал чешката круна и покрај тоа што бил во во затвор за деветнаесет месеци. Сигизмунд го извадил својот брат од затвор и повторно де факто му ги дал правата над чешката круна.

Против противниците во Унгарија тој ја искористил воената и финансиска сила на Никола Горански и Херман. Со нивна помош Сигизмунд ја зазел Босна, а во 1408 година тој се оженил за ќерката на Херман, Барбара од Целје.

Во истата 1408 година Сигизмунд го основал витешкиот ред на Змејот, кој ги обединувал големите источноевропски принцови и имал за цел да го брани Светиот Крст против неверниците како што биле Османлиите. Членовите на овој ред биле голем број на ветерани од Никополската крстоносна војна (Стефан Лазаревиќ, Стибор Стибориќ), а подоцна и други политички сојузници на Сигизмунд, како Никола Горански, Херман од Целје, Винцент фон Вартенберг, Филипо Сколари, Влад II Дракул, Хенри V и.т.н.. Неговата позиција како предводник на орденот на бранителите на Крстот придонел и за зголемување на неговиот авторитетот како владетел.

Војна со Хуситите[уреди | уреди извор]

Бохемскиот реформатор на католичката доктрина Јан Хус бил повикан да ја заштити каузата на Соборот од Констанца, одржан во периодот од 16 ноември 1414 до 22 април 1418 година. Овој собор имал за главна цел да го ликвидира папскиот раскол, но се покажал како многу погоден момент за унгарскиот крал Сигизмунд да започне да се бори за светиот римски престол. За таа цел му била потребна поддршката на папата и сериозна заслуга кон римокатолицизмот. Двете цели биле остварливи за Сигизмунд откако тој го фаворизирал изборот на нов папа (Мартин V) и се легитимирал како противник на опасните чешки реформатори. Година подоцна со смртта на неговиот брат Вацлав, унгарскиот крал изразил претензија за круната на Свети Вацлав и наскоро (1420 година) папа Мартин V објавувил крстоносна војна против Бохемија, предводена од Сигизмунд. Тоа му обезбедило на Сигизмунд да добие трајна папска поддршка, чешкиот престол, а на крајот и царската титула. Следните пет крстоносни кампањи на папата и Сигизмунд биле насочени кон хуситите на чело со Јан Жишка. Во текот на овие конфликти дошло до ширење на хуситското востание и дури кралот на Унгарија бил нападнат во Северна Унгарија. Против хуситите Сигизмунд бил принуден да ги користи самите Хусити - со крајот на крстоносните војни исчезнал и заедничкиот непријател, а со тоа започнала и поделбата на Хуситите на умерени и радикални[6].

По склучувањето на Прашкиот сојуз меѓу умерените хусити и католичките сили, Хусизмот во Бохемија бил разделен, а неговото влијание намалено. Така формираната Прашка лига изразила желба да се престане со пропаст на чешките земји која настапила од војната која траела веќе петнаесетѕ години. Светиот Римски Цар Сигизмунд по ова бил на добар пат да ги постигне своите амбиции. Пред него биле единствено христијанските фундаменталисти. По неуспехот на граѓанската војна во Чешка и на крстоносните војни, Сигизмунд ја добил чешката круна од самите хусити по битката кај Липан во 1434 година. Откако го дознал резултатот од битката, Сигизмунд изјавил: „Чесите можат да бидат поразени само од други Чеси[7]..

Цар[уреди | уреди извор]

Сигизмунд како основна цел во своето понатамошно владеење ја поставил Папската шизма, кога на чело на Римокатоличката црква имало тројца папи во исто време. Според системот воспоставен од Карло Велики, најсилниот крал има потреба од силна црковна институција која ќе ја легитимира неговата власт.

Авторитетот на Светото Римско Царство и нејзиниот владетел во средниот век бил од суштинско значење. Носителот на круната на Карло Велики се сметал за носител на Божјиот благослов, за бранител на христијанската вера и Стариот Рим. Иако Хајнрих IV во 1077 година го изгубил својот авторитет пред папата, во 1414 година токму од идниот цар Сигизмунд европските монарси очекувале да го прекине папскиот раскол. Сигизмунд веќе покажал подготвеност за надминување на папскиот раскол со актот Placetum Regium од 1404 година. Според неговото значење, ниту една папска була не може да стапи на сила во Унгарија без согласност на кралот.

По смртта на Јобст во 1411 година, Сигизмунд бил избран за Крал на Германија. Нестабилната власт на неговиот брат Вацлав во Бохемија го натерало да погледне и кон чешката круна, кое дополнително му му го отворила патот кон светиот римски престол. Оваа можност му се отворила кога од едниот од тројцата антипапи Јован XXIII, кој ги заобиколувал европските владетелски дворови за да дискутира за настанатата ситуација во папството. Поради овие настани, Сигизмунд го свикал соборот од Констанца, на кој во текот на четири години се дискутирало за проблемите од т.н. голема шизма и т.н. западна шизма, османлиската закана, контра-реформација и.т.н. Под притисок на Сигизмунд соборот проценил дека само тој може да назначува папи. Фаворит на Сигизмунд бил кардиналод Одоне Колона кој бил избран за нов папа како Мартин V. Политичкиот успех на Сигизмунд станал неприкосновен.

Неговата улога во егзекуцијата на Јан Хус не е позната, бидејќи Сигизмунд отсуствувал при изрекувањето и извршувањето на пресудата од кардиналот Колона. Но, факт е дека чешките реформатори започнале бунт токму против Сигизмунд како убиец на Хус. Во 1431 Сигизмунд ја добил т.н. Железна круна на Ломбардија, додека во 1433 година тој бил избран и крунисан за цар на Свето Римско Царство.

Последни години[уреди | уреди извор]

Со управување без воени победи, но со серија политички успеси, Сигизмунд починал во Знојмо, Моравија, како носител на титулите: цар на Свето Римско Царство, Крал на Германија, Италија, Унгарија, Чешка, Далмација, Хрватска, Рама, Србија, Галиција, Лодомерија, Куманија и Бугарија, Принцот на Шлезија и Луксембург, Маркграф на Бранденбург, Лузација и Моравија.

Тој не обезбедил машки наследник за ниту една од бројните титули, а смртта на Марија Унгарска привремено предизвикала династичка криза. Сигизмунд е погребан во Нагиварад во близина на гробот на унгарскиот крал Ласло I. За свој наследник Сигизмзунд го објавил својот зет си Албрехт II.

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Bak, János. (1998). „Hungary: Crown and Estates“. New Cambridge Medieval History vol. VII. c. 1415–c. 1500: 707–27. Изд. Christopher Almand. Cambridge: CUP.
  • Baum, W. (1996). Císař Zikmund. Prague. 
  • Hoensch, J. (1996). Kaiser Sigismund: Herrscher an der Schwelle zur Neuzeit, 1368–1437. Munich. 
  • Horváth, H. (1937). Zsigmond király és kora. Budapest. 
  • Kéry, B. (1972). Kaiser Sigismund Ikonographie. Vienna and Munich. 
  • Mályusz, E. (1990). Kaiser Sigismond in Ungarn 1387–1437. Budapest. 
  • Mályusz, E. (1984). Zsigmond király uralma Magyarországon, 1387–1437. Budapest. 
  • E. Marosi, уред (1987). Művészet Zsigmond király korában, 1387–1437. 2 vols. Budapest: Hist. Mus.. 
  • Michaud, Claude. (2000). „The Kingdoms of Central Europe in the Fourteenth Century“. New Cambridge Medieval History vol. VI. c. 1300–c. 1415: 735–63. Изд. Michael Jones. Cambridge: CUP.
  • Mitsiou et alii, E. (2010). Sigismund of Luxemburg and the Orthodox World (Veröffentlichungen zur Byzanzforschung, 24). Wien. 
  • Mureşan, Dan Ioan. (2010). „Une histoire de trois empereurs. Aspects des relations de Sigismond de Luxembourg avec Manuel II et Jean VIII Paléologue“. Sigismund of Luxemburg and the Orthodox World (Veröffentlichungen zur Byzanzforschung, 24): 41–101. Изд. Ekaterini Mitsiou et alii. Wien: Verlag der Österreichischen Akademie der Wissenschaften.
  • „Sigismund von Luxemburg: ein Kaiser in Europa“. Tagungsband des internationalen historischen und kunsthistorischen Kongresses in Luxemburg, 8 June to 10 June 2005. (2006).
  • Takacs, I. (2006). Sigismundus rex et imperator: Kunst und Kultur zur Zeit Sigismunds von Luxemburg 1387–1437. Mainz. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Сигизмунд (цар на Свето Римско Царство)
Роден(а): 15 февруари 1368 Починал(а): 9 декември 1437
Владејачки титули
Претходник
Марија Унгарска
Крал на Унгарија и Хрватска
1387–1437
со Марија Унгарска
Наследник
Албрехт II
Претходник
Рупрехт
Крал на Германија
(формално Крал на Римјаните)

1410–1437
со Јобст Моравски
(1410–11)
Претходник
Вацлав IV
Крал на Бохемија
1419–1437
Изборен кнез на Бранденбург
1378–1388
Наследник
Јобст Моравски
Претходник
Јобст Моравски
Изборен кнез на Бранденбург
1411–1417
Наследник
Фридрих I
Претходник
Карло IV
Цар на Свето Римско Царство
1433–1437
Наследник
Фридрих III