Отон I (Свето Римско Царство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Отон Велики
Alter Markt (Magdeburg-Altstadt).Magdeburger Reiter edit.jpg
Цар на Светото Римско Царство
На престол 2 февруари 962 – 7 мај 973
Крунисување 2 февруари 962
Рим
Претходник Беренгар
Наследник Отон II
Крал на Италија
На престол 25 декември 961 – 7 мај 973
Крунисување 10 октомври 951
Павија
Претходник Беренгар II
Наследник Отон II
Крал на Германија
На престол 2 јули 936 – 7 мај 973
Крунисување 7 август 936
Ахенска катедрала
Претходник Хајнрих I
Наследник Отон II
Војвода од Саксонија
На престол 2 јули 936 – 7 мај 973
Претходник Хајнрих I
Наследник Бернхард I
Придружник Едит Англиска (930–946)
Аделада (951–973)
Династија Отонска династија
Татко Хајнрих
Мајка Матилда
Роден(а) 23 ноември 912
Валхаузен (Саксонија-Анхалт)[1]
Починал(а) 7 мај 973(973-05-07) (воз. 60 г.)
Мемлебен
Почивалиште Магдебуршка катедрала
Вероисповед Римокатоличка црква

Отон I или Отон Велики (германски: Otto I der Große, роден на 23 ноември 912 во Валхаузен (Саксонија-Анхалт) - починал на 7 мај 973 во Мемлебен) — владетел од Отонската династија, цар на Светото Римско Царство од 962 година до неговата смрт, крал на Италија од 961 година, крал на Германија од 936 година, војвода од Саксонија од 936 година. Тој бил најстариот син на Хајнрих I и Матилда.

Отон го наследил Војводство Саксонија и германската круна по смртта на неговиот татко во 936 година. Тој продолжил да работи на обединување на сите германски племиња во една царство на неговиот татко и во голема мера ја проширил царската моќ на сметка на аристократијата. Преку стратешки бракови и лични состаноци, Отон ги инсталирал членовите на неговото семејство во најважните војводства на кралството. Ова довело до намалување на различните војводства, кои претходно биле еднакви на кралот. Отон ја трансформирал Римокатоличката црква во Германија.

По започнувањето на граѓанската војна во земјата, Отон ги поразил Унгарците во 955 година, со што завршила унгарската инвазија на Западна Европа[2]. Победата против паганските Унгарци на Отон му донела репутација како спасител на христијанството. Во 961 година го освоил Кралство Италија и ги проширил своите граници на север, исток и југ. Следејќи го примерот на крунисувањето на Карло Велики како „цар на Римјаните“ во 800 година, Отон бил крунисан за цар во 962 од страна на папа Јован XII во Рим.

Внатрешна политика[уреди | уреди извор]

Кога во 936 година бил избран за крал на Германија, Отон бил крунисан во Ахен, како поранешна престолнина на Карло Велики, и бил прогласен од страна на епископот од Мајнц. Со тоа, Отон сакал да ја нагласи својата поврзаност со Карло Велики. Во 938 година во Саксонија биле откриени рудници со сребро, бакар и олово кое дополнително придонело околу трговијата на Отонската династија во следните 200 години.

Во обид да ги спречи сепаратистичките стремежи на големите феудалци и да го зацврсти авторитетотот на кралската власт, Отон I се обидел да создаде сојуз меѓу црквата и државата или поточно да ги постави црковните институции во служба на државата. Како основа на тоа, Ото започнал да дава имоти на разни црковни институции. Освен тоа на црковните институции Ото им дал и одредени привилегии (судски, воени, административни и други), претварајќи го свештенството во многу важен извршен орган на земјата. Во замена високото свештенство дало вазална заклетва на кралот и добило од него инвеститура (воведување во власт). Така, преку овие реформи царот давал потврда на духовниот владетел преку симболично давање на скиптар или прстен. Оваа црковна организација, поставена во служба на државата во литературата е позната под терминот „Царска црква“ (Reichskirche).

Надворешна политика[уреди | уреди извор]

Отон I значително ги проширил територијалните граници на државата - продолжил со освојувањата на исток, до реката Одра, продолжувајќи ја традицијата започната од Карло Велики за насилна христијанизација на населението. Покрај тоа успеал да го приклучи Војводство Лорен во своите граници и да го принуди данскиот крал да му даде вазална заклетва. Главната надворешна закана, како и во времето на Хајнрих I (911-936), продолжила да доаѓа од страна на Унгарците. Во 955 година, во битката на Лешко поле, германските сили успеале да им нанесат пораз на унгарските и да ги принудат да се повлечат кон денешните територии на Унгарија.

Отон направил важни реформи кои ја заврстиле власта на германските владетели. Создаал силна витешка армија, изградил бројни кралски замоци и ја ставил под своја контрола црквата во германските земји. Во владетелот исто така се родил и стремеж за освојување на Рим и потчинување на папата. Во 951 година Ото I започнал со својот прв поход во Италија, каде успеал да ја освои Ломбардија и во Павија да биде крунисан со железната круна на лангобардските кралеви. Во 961 година повторно направил поход во Италија, пристигнувајќи до Рим. Во 962 година бил крунисан од папа Јован XII за цар, а во замена Ото ја признал власта на папата. Отон од папата побарал самиот папа да се избира според обичајот, но да не ја презема должноста пред да даде заклетва пред царот. Отон I успеал дури и да добие признание на титулата од страна на Византија, за што сведочи бракот меѓу неговиот син Отон II и византиската принцеза Теофанија.

Овој чин го означува почетокот на новово царство на Западот - Светото Римско Царство (на германската нација), која постоела до почетокот на 19 век.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Freund, Stephan (2013) (на German). Wallhausen – Geburtsort Ottos des Großen, Aufenthaltsort deutscher Könige und Kaiser. Schnell und Steiner. ISBN 978-3-7954-2680-4. 
  2. Reuter 1991, стр. 254.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]