Список на владетели на Саксонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Монархија на Саксонија
Поранешна монархија
Кралски грб
Прв владетел Хадугато
Последен владетел Фридрих Август III (како Крал)
Звање Неговото Височество
Прогласил Наследно
Монархијата започнала 531
Монархијата завршила 13 ноември 1918
Сегашни претенденти Спорно: Даниел Маркграв од Мајсен или Александар Принц од Саксонија

Оваа статија ги наведува војводите, кнезовите избирачи и кралевите кои владееле со различни територии наречени Саксонија од почетокот на Саксонското Војводство во 6 век до крајот на германските монархии во 1918 година.

Кралеви на Саксонија 1806–1918[уреди | уреди извор]

Светото Римско Царство се распаднало во 1806 година по поразот од Наполеон. Изборниот кнез на Саксонија, сојузник на Наполеон I, по распадот на Царството станал владетел на независното Кралство Саксонија во 1806 година.

Слика Име Владеење Забелешки
Фридрих Август I

Friedrich August I (1750–1827)

1806-1827 Во 1806 година станал крал на новото Кралство Саксонија. Исто така бил војводата од Варшава од 1807 до 1813 година. Не оставил машки потомци. Него го наследил неговиот брат.
Антон

Anton (1755–1836)

1827-1836 Не оставил машки потомци. Него го наследил неговиот внук.
Фридрих Август II

Friedrich August II (1797–1854)

1836-1854 Син на принцот Максимилијан од Саксонија. Не оставил потомци. Него го наследил неговиот брат.
Јован

Johann (1801–1873)

1854-1873 Станал подреден владетел во Германската Империја по обединувањето на Германија во 1871 година.
Алберт

Albert (1828–1902)

1873-1902 Син на Јован. Не оставил потомци. Него го наследил неговиот брат.
Георг

Georg (1832–1904)

1902-1904 Син на Јован. Брат на Алберт.
Фридрих Август III

Friedrich August III (1865–1932)

1904-1918 Последниот крал на Саксонија. Абдициран доброволно за време на Ноемвриската револуција од 1918-19 г.