Прејди на содржината

Борживој I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борживој I
Bořivoj I
Војвода од Бохемија
Крштевањето на војводата Борживој, слика од 19 век
Владеење867–889
Претходникнепознат
НаследникСпитигњев I
Роден(а)ок. 852
Починал(а)ок. 889
Благородно семејствоПшемидска династија
Сопружник(ци)Људмила
Деца
ТаткоХостивит

Борживој I (чешки: Bořivoj I, латински: Borzivogius, околу 852 - околу 889) – првиот историски документиран војвода од Бохемија и предок на династијата Пшемисловци.[1] Се верува дека неговото владеење со Војводството Бохемија започнало во 870 година, но во тоа време Бохемија ѝ била подредена на Велика Моравија. Една од најважните индиции за приближното време на неговото стапување на власт е франкиската хроника од тоа време „Фулдски анали“, која споменува неколку западнословенски кнезови во 872 година, меѓу нив и еден Горивеј, кој може да биде идентичен со Борживој.

  1. Hugh LeCaine Agnew (2004). The Czechs and the Lands of the Bohemian Crown. Hoover Press. стр. 1832. ISBN 978-0-8179-4492-6.