Крал на Римјаните

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кралскиот престол на Карло Велики во Ахенската катедрала

Крал на Римјаните (латински: Romanorum Rex; германски: Römisch-Deutscher König) — титула од времето на царот Хенри II (1014-1024). Се користела од страна на германскиот цар откако бил избран од страна на принцовите. Титулата имала и верски аспект и била зависна од крунисувањето на папата.

Кандидатите за царувањето биле прво шефовите на германските матични војводства; како овие единици се распаднале низ годините, владетелите на помали кнежевства, па дури и негермански владетели почнале да се прифаќаат за кандидати за позицијата. Единствените услови генерално биле кандидатот да биде возрасен маж и католички христијанин.

Титулата „Крал на Римјаните“ станала функционално застарена по 1508 година. Во ова време, новата титулата била „Крал на Германците“ или „Крал на Германија“, но таа никогаш не се користела како примарна титула.

Владетелите на Светото Римско Царство себеси се нарекувале „цареви“ без да одат во Рим за барање на одобрување од папата, па се прогласувале штом биле крунисувани во Германија или, доколку биле избрани за наследници на престолот, по смртта на царот.