Скореновац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Скореновац
Székelykeve
Skorenovac
Поглед на Скореновац
Поглед на Скореновац
Земја Србија
Област Војводина
Општина Ковин
Население (2002)
 • Вкупно 2,501
Поштенски број 26228
Повикувачки број +381 13
Регистрации PA
Карта на Скореновац

Скореновац (српски: Скореновац, унгарски: Székelykeve, германски: Skorenowatz) е село во општина Ковин, Јужнобанатски округ во автономната област Војводина, Србија. Најблиски градови се Ковин - 6 км, Панчево - 30 км и Белград - 46 км.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото Скореновац е основано во 1869 меѓу селото Банатски Брестовац и реката Дунав. Основано од унгарски семејства (Palóc), кои доаѓаат од Банатско Ново Село (Újfalu), Арменовци (Ürményháza) и Шандорфалва (Sándorfalva), а имало и некои семејства кои дошле од околината на Сегед (Szeged) и Банатски Душановац (Szőlősudvarnok/Rogendorf). Селото во 1869 броело 396 жители. Подоцна, во 1883 година, доаѓаат 645 Секели, и така вкупното население на Скореновац брои околу 2 000 жители. Во тој период, поради отсуството на брани крај реката, секоја година Дунав се изливал од коритото и му нанесувал штети на селото и неговото обработливо земјиште. Оваа постојана закана од поплава ги тера жителите да се преместат. Мала група од нив се селат во Иваново.

Новото село е основано во 1886 година, по времето на Франц Јосиф I - император на Австроунгарија, и го носело името Секејкеве (Székelykeve). Најбројни жители биле Секелите, дојдени од Буковина. Заедно со нив се доселуваат и извесен број на германски семејства од Пландище (Zicsifalva) и Плочице (Plosic) и банатски бугарски семејства од Стар Бешенов. Скореновац е најјужно место на светот каде су најбројни жители унгарци.

Историски имиња на месноста на селото низ вековите[уреди | уреди извор]

Историски имиња на месноста:

  • Zkorenovetz Terra - (1412)
  • Zkorenocz Puszta -
  • Villa Regalis - (1428)

Имиња на селото:

  • Ѓоргево - име дадено при основањето на селото (1869-1883)
  • Наѓѓордфалва (Nagygyörgyfalva) - "Голямо Гюргево" (1883 - 1886)
  • Скореновац (Skorenowatz) - (користено од германците во различни периоди)
  • Секејкеве - (Székelykevе) - (1886-1922)
  • Скореновац (Skorenovac) - (от 1922)

Население и распределба по етнички групи[уреди | уреди извор]

Година Број унгарци германци бугари срби словаци југословени
1890 2 510 Н/П Н/П Н/П Н/П Н/П 0,00%
1910 4 541 73,31% 11,94% 9,69% 1,26% 2,53% 0,00%
1921 4 195 81,83% 7,34% 10,27% 0,36% 0,05% 0,00%
1948 4 465 84,46% 0,70% 11,22% 3,18% 0,05% 0,00%
1991 3 213 80,36% 0,15% 2,53% 9,40% 0,03% 3,36%
2002 2 501 86,71% 0,07% 2,99% 5,47% 0,00% 1,04%

Селски празници и обичаи[уреди | уреди извор]

  • Свети Стефан (Szent István) - селски празник "Кирбај", се празнува на 20 август.
  • Машкаре (Farsang) - карнавалски празник во февруари. На него младите од селото се маскират во животински кожи, носат ѕвона и ги гонат "злите духови". Веселбата на младите продолжува низ целата ноќ. Овој празник особено се почитувал до 60-те години на XX век.
  • Баба Марта - обичај на банатските бугари во селото.

Личности[уреди | уреди извор]

  • Лука Узун – адвокат, просветен деец на банатските бугари, редактор на “Банатски български гласник”, издаван во Темишвар.
  • Тамаш Јунг (1911- 1992) - епископ
  • Золи Шебешчан - поранешен фудбалер на Бајер Леверкузен
  • Ерне Комароми - фудбалер

Разни слики од традицијата и секојдневниот живот[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Шаблон:Link FA