Црква „Св. Мина“ - Ташмаруништа
Свети Мина | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Дебарско-кичевска |
| Архијерејско намесништво | Струшко |
| Парохија | Четврта струшка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°15′29″N 20°38′56″E / 41.25806°N 20.64889°E |
| Место | Ташмаруништа |
| Општина | Струга |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Мина |
| Изградба | 16 април 2000 |
| Завршено | 2000 |
| Осветување | 31 август 2003 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабна |
Свети Мина (позната и како Свети Мартиниј или Свети Мартинијан по ранохристијанската базилика) — помала селска црква во струшкото село Ташмаруништа, Македонија.[1][2]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа на патот за соседното село Добовјани.[3] Патот до црквата е земјен.
Историја
[уреди | уреди извор]Пред црквата постои сакрален објект од доцноантичко време,[4] како и ранохристијанска базилика од V век, која е видлива и денес.[5]
Традицијата наведува дека на ова место некогаш постоел познат стар храм, но тој бил срушен до темел од страна на Турците. Камењата од ѕидовите на манастирот биле земени од муслиманските Албанци од селото Добовјани за изградба на нивните куќи.[3]
Параклис бил подигнат во 1918 година.[5] Таму луѓето се собирале за Свети Мартинија и на третиот ден на Велигден.[3]
Во 2000 година, параклисот бил срушен и на негово место по иницијатива на Кристафил Филипоски и црковниот одбор, на 16 април 2000 година бил поставен камен-темелникот на денешната црква. Истата година завршиле градежните работи на црквата.[5]
Била осветена на 31 август 2003 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата има еднокорабна градба.[5]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Апсидата
- Влезот
- Куполата
- Ниша над влезот
- Поглед на црквата
- Трпезаријата
- Црквата со ранохристијанската базилика
- Јужната страна
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 „Струшко архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2010-05-17.
- 1 2 3 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 205. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 398-399. ISBN 9989-649-28-6.
- 1 2 3 4 Грозданов, Цветан (2009). Христијански светилишта во село Ташмаруништа. Вера Битракова -Грозданова. Музеј на Струга.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Мина“ - Ташмаруништа на Ризницата ?


