Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Буринец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Воведение на Пресвета Богородица
Селската црква во Буринец (1).jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Втора струшка
Местоположба
Координати 41°23′38.7″N 20°37′05.6″E / 41.394083° СГШ; 20.618222° ИГД / 41.394083; 20.618222Координати: 41°23′38.7″N 20°37′05.6″E / 41.394083° СГШ; 20.618222° ИГД / 41.394083; 20.618222
Населено место Буринец
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено XIX век
Зограф Никола Аврамов
Константин Николов
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Воведение на Пресвета Богородицацрква во селото Буринец.[1] Сместена е во крајниот јужен дел од селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во XIX век. Во февруари 2011 година, црквата била ограбена и од неа биле изнесени икони.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. На јужната страна е доградена припрата која е во целост затворена. Главната влезна врата на црквата е сместена од западната страна, а до внатрешноста на црквата води и споредна врата преку припратата од јужната страна. Над споредната врата има ниша со фреска на која е насликана Богородица Марија со Исус Христос. На ѕидовите од црквата и припратата има повеќе прозорци. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди, додека припратата е варосана во бела боја и е покриена со лимен кров. Со лимен кров е покриена и апсидата.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда, а во него е сместена камбанаријата. Таа има квадратна основа и се состои од два дела, од кои првиот е изграден од камен, а вториот од лим и содржи по два отвори на секоја страна. Камбанаријата е покриена со кров од ќерамиди.

Иконостас[уреди | уреди извор]

Иконостасот во црквата е дело на Никола Аврамов и Константин Николов, кои биле ученици на Аврам Дичов.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 40. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. Ограбени цркви“. Вечер. 28 февруари 2011.
  3. Изложба на икони на свети Наум Охридски во иконописот на Дебарско-кичевската епархија од XVIII и XIX век. Македонска православна црква. 6 октомври 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]