Свети Агатангел Битолски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Св. Агатангел Битолски
Икона на св. Агатангел со неговото родно место Лерин. Тој држи чевли оти бил чевлар во Битола
Роден(а) околу 1700, Лерин
Починал(а) 17 февруари 1727, Битола
Почитуван(а) во Источната православна црква
Слава 27 февруари
(Грегоријански календар)
12 март
(Јулијански календар)

Податоци за Свети Агатангел Битолски или Агатангел Лерински (Лерин, 1700? - Битола, 1727) има многу малку, а оние кои ги има ги наоѓаме на кивотот со неговите свети мошти. Во овој натпис читаме:

“Оваа света глава му припаѓа на новомаченикот Агатангел, којшто пострада маченички во 1727 година од следнава причина: Кога сите Агарјани имајќи си зол обичај во трите дена на бајрам да го потурчуваат секој христијанин што ќе го најдеа, тој не можеше да го поднесе тоа, па замина во царскиот сарај, притоа сочинувајќи и ферман и со Божјо содејство-тие попуштија. Оние, пак, кои не го поднесоа ова, го убија, а главата негова беше воскресната во дните на кир Григориј Пелагониски и од ереите кои беа тогаш: сакелариј поп Георгиј, како и сакелиите поп Георгиј, поп Христо, поп Трајан, поп Наум, поп Вангел, поп Васил, поп Георгиј. 1827, февруари 25.”

Од овој натпис се гледа дека свети Агатангел пострадал откако дошол во судир со екстремните исповедници на исламот затоа што се спротивставил на присилното исламизирање на христијаните. Подоцна, врз основа на документи од тоа време, а можеби и преку усно предание, во 1827 година, бил составен натписот за причините за неговото погубување што се наоѓа на кивотот со неговите мошти.

Што се однесува на македонското потекло на свети Агатангел, податоци наоѓаме во неговата служба, составена од јеромонах Атанасиј Симоно-петријски. Во синаксарот пишува: “Во дваесет и седмиот ден од месецот февруари, помен празнуваме на светиот и прославен новомаченик Агатангел, од меч пострадан во Битола Македонска, во летото Спасителово 1727.”

Според други извори[уреди | уреди извор]

Ангел Лерински[уреди | уреди извор]

Според Паисиј Хилендарски во неговото дело историја славјанобугарска, светецот, со убав лице и раст, пострадал во 1750 година во Битола од страна на Турците. Името му било Ангел од село Лерин.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]