Прејди на содржината

Планинарски предизвик „12 Врвови“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого на предизвикот

Планинарски предизвик „12 Врвови“ — акција на планинарското друштво Трансверзалец којашто се состои од еднодневни походи со цел искачување на 12 врвови на територијата на Македонија. Предизвикот започнал во октомври 2016 година. Досега се завршени седум сезони и во тек е спроведувањето на осмата сезона. Акцијата е поддржана од здружението на граѓани Единствена Македонија, како и претпријатијата Алгасан и Диманго.

Предизвикот е осмислен по иницијатива на Марио Шаревски, кој во 2016 година ја превел и уредил книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ од Ѓорче Петров, во која детално се опишани планините во Македонија.[1] Предизвикот опфаќа обележување и искачување на 12 „непознати и најмалку посетени“ врвови на различни планини во Македонија, а во него може да учествува секое полнолетно лице со добра физичка и психичка подготвеност за целодневни планинарски походи. Учесниците кои ќе се искачат на сите 12 врвови во рамки на предизвикот, покрај значка и признаница, ќе добијат и примерок од споменатото дело на Ѓорче Петров.[2] Тематиката за искачување на врвовите по целата територија на Македонија може да биде од различен карактер и да се однесува на: географските појави во близина на врвовите како леднички езера, водопади, извори, културно-историското значење на врвовите како археолошки ископини, познати во народното творештво и историјата по некој настан, како и биоразновидноста односно застапеноста на ретки растителни видови во околината на врвот.[3]

Список на врвови

[уреди | уреди извор]

Изборот на врвови е извршен врз основа на нивното значење како највисоки, историски, езерски и биоразновидносни.[1] Врвовите кои се дел од предизвикот се следните:[2]

ВрвВисочинаПланинаСезонаМесец
Лисец1.935 мГолешница1октомври 2016
Лисец1.527 мОсоговски Планини1ноември 2016
Водени Камен1.259 мЖеден1декември 2016
Плат2.398 мШар Планина1јануари 2017
Орле1.480 мВишешница1февруари 2017
Мовнатец1.564 мДаутица1март 2017
Лиска1.908 мИлинска Планина1април 2017
Добра Вода2.062 мЧелоица1мај 2017
Веливар2.373 мДешат1јуни 2017
Стрижак2.233 мЈабланица1јули 2017
Самаркајасен1.877 мБеласица1август 2017
Брзовец2.082 мБистра1септември 2017
Плавник2.126 мДаутица2октомври 2017
Зајачница1.760 мСува Планина2ноември 2017
Попово Гумно1.193 мКитка2декември 2017
Гоглин1.197 мКозјак2јануари 2018
Клепа1.150 мКлепа2февруари 2018
Висока1.472 мСелечка Планина2март 2018
Чупино1.725 мПлачковица2април 2018
Кадиица1.932 мВлаина2мај 2018
Бачилски Камен1.928 мКораб2јуни 2018
Канеш2.218 мСтогово2јули 2018
Радуч2.083 мЈабланица2август 2018
Трпезница2.590 мШар Планина2септември 2018
Голема Враца2.582 мШар Планина3октомври 2018
Бејаз Тепе1.348 мСредна3ноември 2018
Тепе1.526 мБуковиќ3декември 2018
Свински Камен1.625 мСкопска Црна Гора3јануари 2019
Волчјак1.159 мСерта3февруари 2019
Уво1.472 мОсоговски Планини3март 2019
Два Камна1.919 мБистра3април 2018
Трите Страги1.478 мДрен3мај 2019
Голема Грива2.215 мБаба3јуни 2019
Кале2.112 мЈакупица3јули 2019
Лакосигној1.984 мГаличица3август 2019
Дудица2.132 мКожуф3септември 2019
Бистрички Врв2.572 мШар Планина4октомври 2019
Фојник1.420 мСува Гора4ноември 2019
Бајрак1.527 мКараџица4декември 2019
Перен1.326 мКозјак (Козјачија)4јануари 2020
Кафчал1.757 мЛубен4февруари 2020
Унка1.362 мБеласица4март 2020
Ченгино Кале1.752 мМалешевски Планини4април 2020
Орли Врв1.794 мКараорман4мај 2020
Голем Рид2.015 мБистра4јуни 2020
Боази2.495 мКораб4јули 2020
Старков Заб2.233 мНиџе4август 2020
Китка1.903 мОсоговски Планини4септември 2020
Крајни Камен2.093 мКараџица5октомври 2020
Огражденец1.744 мОгражден5ноември 2020
Петлец1.352 мМалешевски Планини5декември 2020
Бошанов Камен1.545 мБилино5јануари 2021
Мусица1.791 мБушева Планина5февруари 2021
Зелка1.426 мКозјак5март 2021
Сталев Камен1.998 мПлакенска Планина5април 2021
Црвена Плоча2.107 мКрчин5мај 2021
Чапарец2.272 мКораб5јуни 2021
Расенгул2.382 мШар Планина5јули 2021
Тепено2.158 мГаличица5август 2021
Стол2.131 мБаба5септември 2021
Кабаш2.391 мКораб6октомври 2021
Врон1.317 мКараџица6ноември 2021
Дупен Камен1.857 мСува Гора6декември 2021
Уши1.910 мСува Планина6јануари 2022
Лилјачица1.287 мЈакупица6февруари 2022
Чупино Брдо1.703 мБилино6март 2022
Вртешка2.010 мБаба6април 2022
Сокол1.822 мНиџе6мај 2022
Тумба1.881 мБеласица6јуни 2022
Скакало2.494 мШар Планина6јули 2022
Плоча2.450 мШар Планина6август 2022
Мала Рупа2.004 мКожуф6септември 2022
Караџица2.472 мКараџица7октомври 2022
Сива Кобила1.642 мОсоговски Планини7ноември 2022
Чука1.380 мСкопска Црна Гора7декември 2022
Кукуљатица772 мГрадиштанска Планина7јануари 2023
Чаве1.557 мВишешница7февруари 2023
Голем Сач1.698 мБаба Сач7март 2023
Лута1.499 мБабуна7април 2023
Јошков Камен1.917 мПесјак7мај 2023
Бојаџиев Врв2.331 мБаба7јуни 2023
Шупла Стена2.431 мКораб7јули 2023
Петров Камен[а]2.601 мШар Планина7август 2023
Иванов Врв1.909 мЈакупица7септември 2023
Балтова Чука1.823 мКозјак (Мариово)8октомври 2023
Ниска Чука1.643 мБеласица8ноември 2023
Пупљак1.626 мСкопска Црна Гора8декември 2023
Кара Тепе997 мПлавуш8декември 2023
Голем Камен1.656 мБигла8јануари 2024
Аниште1.786 мДукат8март 2024
Вели Врв1.535 мГолјак8април 2024
Бел Камен2.074 мДаутица8мај 2024
Среден Камен2.097 мШар Планина8јуни 2024
Порта2.097 мКожуф8јули 2024
Зиберова Кула2.377 мКораб8август 2024
Оревчето1.351 мКозјак (Мариово)8септември 2024
Галерија на слики
  • а Врвот бил безимен, а по искачувањето му било дадено името „Петров Камен“ во чест на Ѓорче Петров, кој за првпат го споменал во делото „Материјали по изучувањето на Македонија“.
  1. 1 2 Ј., С. (20 декември 2016). „Колку маркирани планини, толку видливи убавини“. Нова Македонија. Посетено на 5 мај 2017.
  2. 1 2 Д., Л. (4 октомври 2016). „Почна планинарскиот предизвик „12 Врвови". Нова Македонија. Посетено на 5 мај 2017.
  3. Планинарски Предизвик „12 Врвови“. ПД „Трансверзалец“. 2 октомври 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]