Висока (планински врв)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Висока
Висока на Селечка Планина.jpg
Поглед кон врвот Висока од север
Висина 1.472 метри.
Местоположба Македонија Македонија
ВенецСелечка Планина
Прво освојувањенепознато
Најлесна патекапревој Писокал - Грнчарица - Висока (по срт); с.Крушевица по колски пат до висорамнина Ќаве - Висока

Високапланински врв и воедно највисок врв на Селечка Планина, во јужниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 1472 метри. Се наоѓа токму на средишниот дел на главното планинско било и срт на протегање на Селечка Планина, издигнувајќи се и доминирајќи со својата глетка над котлината Пелагонија на запад и Мариово на исток. На самиот врв се наоѓа истоименото археолошко наоѓалиште каде има остатоци од големи камени блокови од палата и градба за која стручната јавност верува дека се остатоци од античкиот македонски град Пелагон .

Местоположба[уреди | уреди извор]

Врвот Висока (1471 м.) се наоѓа на средишниот дел на Селечка Планина, на самата средина на протегањето на главниот срт, веднаш на селото Крушевица во Мариово и над селата Бонче и Подмол во Пелагонија. Планинскиот врвот Висока е карактеристичен по тоа што на него се наоѓаат населба и некропола од хеленистичкото (македонско) и римското време, односно ископините и остатоците од македонскиот антички (древен) град  Пелагон или Пелагонија (можни облици на именување и како: Пелагонида, Пелагонеа), кој бил престолнина на Кралството на Пелагонците, подоцна седиште на IV мерида (Македонија Четврта) под Римската Империја. Во своите записи во книгата Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров, запишал дека на југоисток од Прилеп, на Селечка планина се издигнува врвот Висока, кој е еден карпест гол врв не повисок од Селечката Планина[1]. Од него на запад се испушта таква карпеста огранка, која постепено се снижува и раширува во полето и го заградува пасиштето (чаирот) Садово на југ од Прилеп[1].

Патеки за искачување[уреди | уреди извор]

До врвот Висока може да се искачи преку две патеки. Обележана патека која е користена од археолозите и планинарите од ПСД „Козјак“ од Прилеп и во акции на Планинарскиот предизвик „12 Врвови“ започнува кај скршувањето на патот за село Бонче и започнува со искачување во југоисточен и јужен правец преку малата висорамнина Шипот под гребенот Гробот свртува во јужен и југозападен правец искачувајќи се по гребенот и врв Грнчарица (1332 м.н.в.) од каде се спушта до преслапот Коњарник каде се наоѓаат запуштените извори-кладенци Смрдлаец и од таму по стрмна падина искачува навлегувајќи во густа дабова шума до археолошките ископини на античкиот град Пелагон веднаш под самиот карпест врв Висока (1472 м.н.в.). Од врвот Висока, патеката продолжува во јужен правец по сртот на протегање на Селечка Планина се до пределот Релев Камен од каде скршнува кон запад (десно) и се спушта низ многу обраснат предел на западната падина на Селечка Планина над Мечкин Дол се до котата Колкот од каде слегува до древната гробница на археолошкото наоѓалиште Старо Бонче по што по широка патека стигнува до селото Бонче, од каде по мала делница на асфалт и Писокалската вакафска чешма (водата е за пиење) завршува на почетната точка на ширината на превојот Писокал на скршнувањето за Бонче.

Втората патека која е исто така води до врвот Висока започнува од селото Крушевица сместено на надморска височина од 758 метри на источното подножје на планината веднаш под врвот, минувајќи низ густиот шумовит предел Велено Орличе (1128 м.н.в), на почеток следејќи ја трасата на каптираниот канал за вода и шумскиот колски пат, од каде излегувајќи од шумскиот појас достигнува до малата висорамнина на месноста Ќаве (1254 м.н.в) каде бил сместен некогашниот камп на археолозите, по што скршнува директно во правец на исток низ високи папрати до седлото (1397 м.н.в.) и карпестиот предел на самиот главен срт на протегање на планината по кој скршнувајќи во северен правец се достигнува до самиот врв Висока и ископините на археолошкото наоѓалиште.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. стр. 66. ISBN 978-608-245-113-8.