Пелагон (град)
„Пелагон Каве“ | |
Поглед на ископините од градот Пелагонија на врвот Висока | |
| Местоположба | 41°12′26″N 21°36′58″E / 41.20722°N 21.61611°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Крушевица |
| Општина | Прилеп |
| Тип |
|
| Период | хеленистичко време |
| римско време | |
| Портал „Археологија“ | |
Пелагон или Пелагонија (познато и како Каве)[1] — македонски антички (древен) град, престолнина на Кралството на Пелагонците, подоцна седиште на IV мерида (Македонија Четврта) под Римското Царство.[2]
Пред да биде истражен целосно врвот Висока се знаело само дека на месноста Каве постоела населба и некропола од хеленистичкото и римското време.[3]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Наоѓалиштето или градот се наоѓаат на 2,5 километри западно од селото Крушевица околу планинскиот врв Висока (1.472 м.).[3]
Историски записи
[уреди | уреди извор]На еден натпис од IV век п.н.е. (откриен во Атина) се спомнува кралот на Пелагонците. По поразот на македонскиот крал Персеј кај Пидна (на 22 јуни 168 п.н.е.), проконзулот Емилиј Павле во Амфипол ја прокламирал поделбата на Македонија на 4 мериди. Македонија Четврта била најзападната горна планинска област, со териториите на Еордеја, Елимеја, Тимфаја, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Деуриоп, Пајонија западно од Вардар и Антанија.
Пронајдоци
[уреди | уреди извор]На просторот се среќаваат остатоци од разурнати ѕидови, грамади од камен и еден затрупан бунар. Веднаш во јужен правец на истиот простор има голема концентрација на гробови — корита издлабени во карпа.[3]
Околу дрвјата на густата дабова шума на поголемо подрачје околу самиот врв јасно се забележуваат остатоци ѕидини од неколку редови (3, 4, 5) делкан камен и темели од објекти, кои се обраснати со мов, лишаи и со корењата и стеблата на самите дрвја.
Потрага по градот Пелагонија
[уреди | уреди извор]Според претпоставките на археологот Виктор Лилчиќ, се работи за град со кој владеел кралот на Пелагонците кои во литературата се споменуваат како многу моќни во IV век п.н.е..[4]
Пелагон бил главниот град на Македонија Четврта, откако Македонија од Римската Република, 160 години пред Христос била поделена на четири дела. Другите три главни градови се наоѓаат во Егејска Македонија, a археолозите одамна трагале по четвртиот.[4]
Долго време во археолошката наука во Македонија и светот местоположбата на овој древен град била предмет на дискусии и претпоставки кои се темелеле на записите на античките, пред сѐ римски автори. Голем број научници дискутирале за убикацијата на престолнината Пелагонија. Досегашните наоди од големите камени блокови на стариот град, уникатната гробница, керамиката и монетите што се пронајдени ја поткрепуваат тезата дека токму овде бил моќниот град.[4]
Конечно, просторот е стеснет околу Селечка Планина, заедно со предложените кандидати: Долиште кај Прилепец, Еленик кај Мојно и врвот Висока над мариовското село Крушевица.[5]
Конечно во 2004 година, најмногу при зафатите за спроведување на вода за селскиот водовод на селото Крушевица од месноста Каве под врвот Висока, се откриени остатоците од овој древен град.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на главниот ходник со скали
- Поглед на главниот дел на ископините од североисток
- Глетка од главниот дел на ископините
- Ископините од античкиот град Пелагонија
- Поглед од близу на камените блокови
- Поглед на ископините од југ
- Поглед на ископините од запад
- Поглед на ископините од север
- Корита — гробови издлабени во камен на Високa
- Камен блок и остатоци од ѕидини
- Камен блок и остатоци од ѕидини
- Поглед на наоѓалиштетот од карпата на самиот врв Висока
- Поглед на наоѓалиштето од самиот врв Висока
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Бабо — населба и некропола од римско време;[3]
- Градиште — збег од доцноантичко време;[3]
- Грамаѓе — населба од римско време;[3]
- До Селото — некропола од римско време;[3]
- Манастир Св. Недела — сакрален објект од старохристијанско време;[3]
- Падарница — тумул од железно време;[3]
- Страгата — тумул од железно време;[3]
- Црква Св. Архангел — осамен наод од римско време;[3]
- Црквиште — сакрален објект од старохристијанско време;[3]
- Испраен Камен — тумул од железното време и римска стела;[6]
- Ковчезите — населба од бронзеното време;[6]
- Падиште — тумул од железното време;[6]
- Скапците — тумул од железното време;[6]
- Таламбасица — тумул од бронзеното и античкото време;[6]
- Три Дабици — тумул од бронзеното време;[6]
- Широк Пат — тумул од железното време;[6]
- Крушевица;
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Можни облици и како: Пелагонида и Пелагонеја.
- ↑ И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје, 1999, 80-89
- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 301. ISBN 9989-649-28-6.
- 1 2 3 Зафировска, Марија (13 септември 2007). „Македонскиот Индијана Џонс го лоцираше Пелагон“. Скопје: Вест. Посетено на 1 април 2016.[мртва врска]
- ↑ V. Lilcik, An attempt at reconnaissance of the town of Pelagonia, Homage to Milutin Garashanin, Belgrade, 2006, 593-605
- 1 2 3 4 5 6 7 Миткоски, Александар; Темелкоски, Душко (2019). „ГЕОРЕКОГНОСЦИРАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНИТЕ ПРИЛЕП, ДОЛНЕНИ, КРИВОГАШТАНИ И КРУШЕВО“ (PDF). Каламус. Посетено на 3 јануари 2026.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Пелагон (град) на Ризницата ?- Изгубениот град Пелагонија
Антички градови во Македонија |
|
|---|---|
Антанија • Астибо • Аударист • Бадеријана • Баргала • Билазора • Лихнид • Пелагон • Скупи • Стибера • Стоби • Тауресиум • Транупара • Хераклеја Линкестис • Хераклеја Синтика |
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од хеленистичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Крушевица (Прилепско)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Прилеп
- Археолошки наоѓалишта во Прилепско
- Градови во Античка Македонија
- Пелагонија
- Древни градови во Македонија
