Пелагон (град)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Macedonian archaeology stub icon.svg
Macedonian archaeology stub icon.svg
Археолошко наоѓалиште
Пелагон (Висока)
Пелагон на Висока 13.JPG

Поглед на ископините од градот Пелагонија на врвот Висока

Пелагон (Висока) се наоѓа во местоположба во рамките на Македонија
Пелагон (Висока)
Пелагон (Висока)
(местоположба во рамките на Македонија)
Основни податоци
Име Пелагон (Висока)
Место Бонче
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба

Период хеленистичко време
римско време
Портал:Археологија

Пелагон или Пелагонија (можни облици и како: Пелагонида, Пелагонеа) бил македонски антички (древен) град, престолнина на Кралството на Пелагонците, подоцна седиште на IV мерида (Македонија Четврта) под Рим.[1]

Историски записи[уреди | уреди извор]

На еден натпис од 4 век п.н.е. (откриен во Атина) се спомнува кралот на Пелагонците. По поразот на македонскиот крал Персеј кај Пидна (22 јуни 168 п.н.е.), проконзулот Емилиј Паул во Амфипол ја прокламирал поделбата на Македонија на 4 мериди. Македонија Четврта била најзападната горна планинска област, со териториите на Еордеја, Елимеја, Тимфаја, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Деуриоп, Пајонија западно од Вардар и Атинтанија.

Пронајдоци[уреди | уреди извор]

Во месноста Каве на 2,5 километри западно од селото Крушевица на површините околу котата односно врвот Висока висок 1472 метри се наоѓаат населба и некропола од хеленистичкото (македонско) и римското време[2]. На просторот се среќаваат остатоци од разурнати ѕидови, грамади од камен и еден затрупан бунар[2]. Веднаш во јужен правец на истиот простор има голема концентрација на гробови — корита издлабени во карпа[2]. Околу дрвјата на густата дабова шума на поголемо подрачје околу самиот врв јасно се забележуваат остатоци ѕидини од неколку редови (3, 4, 5) делкан камен и темели од објекти, кои се обраснати со мов, лишаи и со корењата и стеблата на самите дрвја.

Потрага по градот Пелагонија[уреди | уреди извор]

Според претпоставките на археологот Виктор Лилчиќ, се работи за град со кој владеел кралот на пелагонците кои во литературата се споменуваат како многу моќни во 4 век пред нашата ера[3]. Пелагон бил главниот град на Македонија Четврта, откако Македонија од Римската република, 160 години пред Христос била поделена на четири дела[3]. Другите три главни градови се наоѓаат во денешна Грција, a археолозите одамна трагаaт по четвртиот[3]. Долго време во археолошката наука во Македонија и светот местоположбата на овој древен град била предмет на дискусии и претпставки кои се темелеле на записите на античките, пред сѐ римски автори. Голем број научници дискутирале за убикацијата на престолнината Пелагонија. Досегашните наоди од големите камени блокови на стариот град, уникатната гробница, керамиката и монетите што се пронајдени ја поткрепуваат мојата теза дека токму овде бил моќниот град[3]. Конечно, просторот е стеснет околу Селечка Планина, заедно со предложените кандидати: Долиште кај Прилепец, Еленик кај Мојно и врвот Висока над мариовското село Крушевица[4]. Конечно во 2004 година, најповеќе при зафатите за спроведување на вода за селскиот водовод на селото Крушевица од местноста Ќаве под врвот Висока, се откриени остатоците од овој древен град.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје, 1999, 80-89
  2. 2,0 2,1 2,2 Коцо, Димче (1996) (на македонски). Археолошка карта на Република Македонија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 302. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Зафировска, Марија (13 септември 2007). „Македонскиот Индијана Џонс го лоцираше Пелагон“ (на македонски). Скопје: Вест. http://star.vest.com.mk/default.asp?id=140838&idg=7&idb=2171&rubrika=Kultura. посет. 1 април 2016 г. 
  4. V. Lilcik, An attempt at reconnaissance of the town of Pelagonia, Homage to Milutin Garashanin, Belgrade, 2006, 593-605