Св. Атанас (Варош)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Св. Атанас
археолошко наоѓалиште
Св. Атанас is located in Македонија
Св. Атанас
Местоположба на Св. Атанас во Македонија
Местоположба 41°21′25″N 21°31′57″E / 41.35694° N; 21.53250° E / 41.35694; 21.53250Координати: 41°21′25″N 21°31′57″E / 41.35694° N; 21.53250° E / 41.35694; 21.53250
Основни податоци
Место Варош
Општина Прилеп
Тип

Археомак 2.0 графички знак (осамен наод).svg осамен наод Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола

Период римско време
среден век
Портал „Археологија“

Св. Атанасархеолошко наоѓалиште во прилепското село Варош. Наоѓалиштето претставува осамен наод од римското време и средновековна населба и некропола. Во темелите на црквата се вградени поголем број антички сполии од мермер, и тоа делови од архитравни греди, столбови и др. Со археолошките ископувања околу црквата се откриени повеќе слоја на живеење од населба, од XII до XIV век. Во долниот слој има траги од дрвени куќи, четвртасти во основата. Над него, во средниот слој се наоѓаат остатоци од куќи ѕидани од кршен камен и кал, јами за чување на жито, работилници за топење на железна руда, како и работилници за изработка на предмети од железо и керамика. Овде се најдени предмети за секојдневна потреба (орудија, оружје, монети и др). Во последниот слој има гробови од крајот на средновековието и турскиот период.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 288, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069