Крклари (Прилеп)

Координати: 41°20′40″N 21°33′20″E / 41.34444° СГШ; 21.55556° ИГД / 41.34444; 21.55556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Крклари


Местоположба 41°20′40″N 21°33′20″E / 41.34444° СГШ; 21.55556° ИГД / 41.34444; 21.55556
Основни податоци
Место Прилеп
Општина Прилеп
Тип

 некропола


Период хеленистичкото време
Портал „Археологија“

Крклариархеолошко наоѓалиште во Прилеп. Претставува некропола од хеленистичкото време. На 500 м северно од последните куќи на градот, во подножјето на седлото Зеленик, пред Втората светска војна, Никола Вулиќ открил две гробници издлабени во карпа, од типот „македонски“ гробници со тесен ходник, засводено предворје и гробна комора. Во 1958/59 година, на стотина метри јужно од горенаведените гробници биле откриени уште 4 гробници од истиот вид. Во нив се најдени остатоци од кремирани скелети, теракоти, керамички садови и друго. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 309. ISBN 9989-649-28-6.