Градок - Маркови Кули

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Градок – Маркови Кули
археолошко наоѓалиште
Градок – Маркови Кули is located in Македонија
Градок – Маркови Кули
Местоположба на Градок – Маркови Кули во Македонија
Местоположба 41°12′21″N 21°42′54″E / 41.20583° СГШ; 21.71500° ИГД / 41.20583; 21.71500Координати: 41°12′21″N 21°42′54″E / 41.20583° СГШ; 21.71500° ИГД / 41.20583; 21.71500
Основни податоци
Место Манастир
Општина Прилеп
Тип

Археомак 2.0 графички знак (утврдена населба).svg утврдена населба Археомак 2.0 графички знак (тврдина).svg тврдина Археомак 2.0 графички знак (базилика).svg базилика

Период раноантичко време
доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Градок – Маркови Кули – утврдена населба од раната антика, доцната антика и средновековна тврдина.[1] Се наоѓа на утоката на Лесничка во Црна Река.

На висок рид со зарамнето плато наречен Градок има остатоци од бедем широк околу 2 м, граден од поголеми и помали приделкани камења. На југоисточниот крај на ридот се гледаат остатоци од трикорабна базилика, со димензии од 15 × 8 м, ѕидана од приделкан камен, тули и варов малтер, од која апсидата и делови од бочните ѕидови се делумно зачувани. На десетина метри југозападно од неа се гледаат остатоци од мала црквичка, градена од истиот материјал и во истата техника. По целата површина на тврдината има остатоци од градби, фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди.[2]

Во југоисточниот и југозападниот дел од тврдината има остатоци од трикорабна базилика и помала црквичка, а во нивна непосредна близина и на поширокиот простор остатоци од стопански и од станбени објекти. Во јужниот и северниот кораб и во северната припрата од базиликата се најдени шест средновековни гробни конструкции.

Доцноантичките објекти припаѓаат на мала населба од IV-VI век, од која во средниот век се обновени дел од фортификацијата и сакралните, стопанските и станбените објекти. Наодите на монета од Јован I Цимискиј, неколкуте ситни примероци на бронзен накит од X–XII век, бројното присуство на фрагменти од средновековни керамички садови и предмети од ковано железо на целиот простор од возвишенијата на брдото го потврдуваат постоењето на тврдината и на дел од објектите низ средниот век.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 390. ISBN 978-608-203-023-4.
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 304. ISBN 9989649286.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]