Калдрма (Варош)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Калдрма
археолошко наоѓалиште
Калдрма is located in Македонија
Калдрма
Местоположба на Калдрма во Македонија
Местоположба 41°21′25″N 21°31′57″E / 41.35694° N; 21.53250° E / 41.35694; 21.53250Координати: 41°21′25″N 21°31′57″E / 41.35694° N; 21.53250° E / 41.35694; 21.53250
Основни податоци
Место Варош
Општина Прилеп
Тип

Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола


Период железно време
хеленистичко време
Портал „Археологија“

Калдрмаархеолошко наоѓалиште во прилепското село Варош. Наоѓалиштето претставува некропола од железното и хеленистичкото време. На 1 км североисточно од Институтот за тутун, на 150 м од патот Варош-Горно Село е откриена некропола од која сопственикот на нивата делумно откопал три гроба. Подоцна се откопани и истражени уште гробови. Гробовите се градени од камени плочи или камења. Погребувањето било вршено со кремирање, со исклучок на еден гроб. Најдени се повеќе различни гробни прилози, керамички садови, бронзени фибули и белезици, златни висулци, железни ножеви и копја и др. Наодите се чуваат во Завод и музеј во Прилеп.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 282. ISBN 9989649286.