Св. Варвара (Варош)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Св. Варвара
археолошко наоѓалиште
Св. Варвара is located in Македонија
Св. Варвара
Местоположба на Св. Варвара во Македонија
Местоположба 41°21′25″N 21°31′57″E / 41.35694° N; 21.53250° E / 41.35694; 21.53250Координати: 41°21′25″N 21°31′57″E / 41.35694° N; 21.53250° E / 41.35694; 21.53250
Основни податоци
Место Варош
Општина Прилеп
Тип

Археомак 2.0 графички знак (црква).svg црква


Период среден век
Портал „Археологија“

Св. Варвара — средновековна црква, во непосредна близина на црквата Св. Атанас, поточнона околу 150 метра северозападно од неа, со ископувањето во 1964 година од страна на Музејот во Прилеп, откриени се остатоци од црквата Св. Варвара, средновековна црква. Црквата се споменува вошпвелбата на кралот Стефан Душан како црква на манастирот Трескавец и била уште тогаш урната. Во 1964 година се вршени археолошки ископувања од страна на стручни екипи од Музејот во Прилеп. Тоа може да значи дека на просторот на Варош во извесен период од минатото илјадалетие (или порано) егзистирале точно 77 цркви. Co тоа се потврдува и преданието дека секое семејство во Варош поседувало и сопствена црква. Таквиот однос кон христијанството жителите на Варош веројатно го имале пред турското освојување на Балканот и во негови рамки на Македонија. Во тоа време на просторот на Маркови Кули и Варош имало населба со градски карактеристики, за што недвосмислено говори и преданието за 77 цркви и за поседување сопствена црква на секое од семејствата. Дека големиот број цркви потекнуваат од пред турскиот период говори и датирањето на денешниите цркви, како и оние кои се археолошки потврдени со нивните остатоци. Имено, тие датираат од првите векови на минатиот милениум почнувајќи од XII, па се до XIV век8. Уште повеќе, некои од овие цркви имаат индиции за многу постар датум на светост со поставување постари свети градби, како што се рано­хрис­ти­јанските базилики, но и античките храмови[1],[2].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]