Св. Никола (Варош)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Св. Никола
археолошко наоѓалиште
Св. Никола is located in Македонија
Св. Никола
Местоположба на Св. Никола во Македонија
Местоположба 41°21′25″N 21°31′57″E / 41.35694° N; 21.53250° E / 41.35694; 21.53250Координати: 41°21′25″N 21°31′57″E / 41.35694° N; 21.53250° E / 41.35694; 21.53250
Основни податоци
Место Варош
Општина Прилеп
Тип

Археомак 2.0 графички знак (осамен наод).svg осамен наод Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола

Период римско време
среден век
Портал „Археологија“

Св. Николаархеолошко наоѓалиште во прилепското село Варош. Наоѓалиштето претставува осамени наоди од римското време и средновековна црква со некропола. Во црквата и во нејзниот двор има поголем број антички лапиди од мермер, и тоа од: импост - капител, мено, ара со релјев како база на чесната трпеза, дел од ара со претставени гирланди и глава од овен вградена во десниот довратник. Со ископувањата и конзерваторските работи во 1960 година биле откриени неколку мермени плочи со грчки натписи, и ари со релјефни претстави и грчки натписи, а во дворот биле откопани 170 гроба, датирани од XII до почетокот на XIX век, со голем број прилози од разновиден накит, стаклени садови и ромејски и српски монети. Исто така се откриени и делови од станбени објекти од старословенска населба. Наодите се чуваат за Завод и Музеј во Прилеп.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 288, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069